Украина одбила масовен воздушен напад со дронови

May 25, 2023
1 min read

Откако украинската армија објави дека соборила 36 беспилотни летала од иранско производство, претседателот Володимир Зеленски ја обвини Русија за тероризирање и ги повика Иранците да го преиспитаат снабдувањето со смртоносни беспилотни летала за руската војска

Украинската армија објави дека воздушната одбрана во Киев одбила нов масовен напад на беспилотни летала врз градот. Воените началници соопштија дека одбраната на Киев ги уништила сите 36 беспилотни летала за време на тричасовниот напад.

Илустративна фотографија од напад со дрон во Киев / Фото: EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Шефот на цивилната и воена администрација на Киев, Серхи Попко, на апликацијата Телеграм објави дека руските сили повторно го нападнале Киев, а според првичните информации, како што додаде, во масовниот напад учествувале беспилотни летала од типот „шахед“ од иранско производство.

Тој додаде дека сите воздушни цели кои се движеле во правец на Киев се уништени од страна на украинските системи за противвоздушна одбрана.

Откако украинската армија објави дека соборила 36 беспилотни летала од иранско производство, претседателот Володимир Зеленски ја обвини Русија за тероризирање и ги повика Иранците да го преиспитаат снабдувањето со смртоносни беспилотни летала за руската војска.

„Едноставното прашање е кој е вашиот интерес да бидете соучесници на рускиот терор? Каква корист има Иран од ваквото цинично убивање? Вашите ‘шахеди’, кои секоја вечер ја тероризираат Украина, значат само дека народот на Иран е сè подлабоко воден во темната страна на историјата“,

рече Зеленски во своето обраќање.

Русија ја зајакна својата воена соработка со Иран откако го нападна својот сосед во февруари 2022 година. Иран првично негираше дека испорачувал беспилотни летала од типот „шахед“ на Русија, но подоцна рече дека обезбедил мал број пред почетокот на конфликтот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турски „музеј на мраз“: Уникатна прошетка на минус пет степени

Следно

Инзаги: Посакувавме и освоивме трофеј

Latest from Blog

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,
Go toTop