Украина нарачала од Полска 100 оклопни возила „Патриа“ , фактурата оди кај САД и ЕУ

April 1, 2023
1 min read

Украина нарачала 100 полски повеќенаменски оклопни возила „Росомак“, што се произведени под финска лиценца, а ќе ги платат Европската унија и САД, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

-Добиваме нарачка од украинскиот премиер Денис Шмигал за 100 оклопни возила „Росомак“ што ќе се произведуваат овде, рече Моравјецки во Сјемјановице Слонскје, јужно од Полска, каде што се произведуваат возилата.

Плаќањето ќе се врши од фондовите на ЕУ дадени на Полска и од американските фондови што ги доби Украина, изјави полскиот премиер.

Полскиот премиер не наведе колку е вкупната сума на договорот.

„Росомак“ е повеќенаменско оклопно возило што се произведува под лиценца на финската фирма „Патриа“ (Patria AMV).

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бугарија утре гласа на избори: Кои партии се со најголема шанса да влезат во парламентот

Следно

Анчелоти потврди дека Бразил го сака за селектор

Latest from Blog

Ѓорѓиевски и Мицкоски ги поздравија првачињата на стартот на учебната година

На самиот почеток на учебната година, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерката Весна Јаневска, го посетија ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода, каде што за првачињата беа поделени

Најмалку пет лица загинаа во пад на воен хеликоптер во Пакистан

Најмалку пет лица загинаа во падот на воен хеликоптер денес во Пакистан, соопштија регионалните власти. Според извештаите, двајца пилоти и тројца техничари ги загубиле животите за време на рутински лет, пренесува АП.
Go toTop