Украина: Најмалку четири лица се повредени во руски напад врз Киев

December 11, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку четири лица се повредени утринава во руски напад врз главниот украински град Киев, изјави украинскиот министер за внатрешни работи, Игор Клименко, јавува Анадолу.

Клименко рече дека жртвите се повредени од урнатини во југоисточниот кварт Дарнитски, каде што десет спасувачи се на терен.

„Полицијата ги документираше последиците од уште едно руско воено злосторство“, додаде тој.

Потоа украинските воздухопловни сили објавија дека собориле осум проектили лансирани од руската област Брјанск во обид за напад врз Киев.

„Сите осум цели се уништени од противвоздушните ракетни единици на воздушната команда Центар“, се наведува во соопштението.

Се додава дека украинските системи за воздушна одбрана ги уништиле сите 18 руски беспилотни летала во вториот напад, главно, над јужниот регион Миколаев.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски: Неодамнешното двојно убиство ни покажа дека радикалните структури и говорот на омраза можат да резултираат со трагични последици

Следно

Павле Трајанов побара информација од МВР за грозоморните убиства

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop