Украина: На 14 се зголеми бројот на загинати во рускиот напад врз родниот град на Зеленски

April 4, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз украинскиот град Крив Рог се зголеми на 14, изјави денес украинскиот претседател, известува Анадолу.

„Руска ракета погоди обичен град. Само улица. Станбена зона. Според првичните информации, се работи за напад со балистичка ракета“, напиша Владимир Зеленски на платформата Телеграм. „Засега 14 загинати. Мое сочувство до семејствата и најблиските“.

Тој рече дека екипите за итни случаи ги продолжуваат напорите за пребарување и спасување, а најмалку пет згради се оштетени.

„Има секојдневни руски напади. Има жртви секој ден. Има само една причина зошто ова продолжува: Русија не сака прекин на огнот – и ние го гледаме тоа, целиот свет го гледа тоа“, додаде Зеленски.

Украинскиот лидер повика на зголемен притисок врз Москва, велејќи: „Секој проектил, секое беспилотно летало докажува дека Русија сака само војна. Мирот целосно зависи од притисокот на светот врз Русија, од поддршката за Украина – на нашата противвоздушна одбрана и нашите сили“.

Претходно Олександр Вилкул, шеф на локалниот совет за одбрана во Крив Рог, изјави дека проектил го погодил центарот на станбена населба и дека во нападот загинале 12 лица, а повеќе од 50 се повредени.

Јевхен Ситниченко, шеф на државната управа на округот Крив Рог, го потврди пријавениот биланс на загинати и рече дека бројот на повредени сè уште се проверува.

Серхиј Лисак, гувернер на регионалната администрација на Днепар, рече дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми. Тој истакна и дека од ударот избувнале пожари во неколку возила и гаражи.

Нема итен одговор од страна на руските власти во врска со овие тврдења.

Крив Рог, родниот град на украинскиот претседател Владимир Зеленски, постојано е на удар, уште од почетокот на руската војна против Украина во февруари 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба Тошковски – Ходулин: Интензивна поддршка од ЕУ преку ИПА проектите за креирање полиција со европски стандарди

Следно

Шевченко ја обвини УЕФА: Не сакате да имате Украинец во раководството

Latest from Blog

ПРАВДАТА СЕ ВРАЌА ВО ЈО: Обвинителот Цветановски се враќа на работа, предметот за Хајрулахи укинат

Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. На истата седница Советот го

Ѓорѓиевски најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје. „Денес започнавме широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и

Божиновска: Повисоки плати за поефикасна и одговорна администрација во Министерството за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на САДУ – Синдикатот на администрацијата и државната управа, Благоја Ралповски, официјално го потпишаа поединечниот колективен договор со кој се предвидува
Go toTop