Украина им забрани на функционерите и воениот персонал да користат Телеграм

September 20, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Советот за национална безбедност и одбрана на Украина им забрани на воениот персонал и на државните службеници да ја користат апликацијата за пораки Телеграм на службените уреди, јавува Анадолу.

Прес-службата на Советот на Фејсбук објави дека одлуката е донесена вчера на состанокот на Националниот координативен центар за кибербезбедност.

На официјалните претставници, воениот персонал, безбедносниот и одбранбениот персонал и операторите на критичната инфраструктура им е забрането да инсталираат и користат Телеграм на службените уреди, се вели во соопштението.

Претставници на украинските разузнавачки служби ја обвинија Русија за користење на Телеграм за фишинг и кибернапади, како и за добивање податоци за геолокација на корисниците за одредување на воздушните напади.

Тие, исто така, истакнаа дека руските разузнавачки служби имаат пристап до личната кореспонденција и податоците на корисниците.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мисајловски вечерва ќе гостува на Алфа ТВ

Следно

Чаби Алонсо од наредната година нов тренер на Реал Мадрид

Latest from Blog

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките
Go toTop