Украина го бојкотираше Парламентарното собрание на ОБСЕ во Виена поради присуство на руската делегација

February 23, 2023
1 min read

Седницата на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска во Биена почна без присуство на украинската делегација, која како навреда го оцени најавеното присуство на руски пратеници на седницата.

Дводневната сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, која се совпаѓа со првата годишнина од руската инвазија на Украина, е засенета од контроверзите за присуство на Русите на неа. Австрија им даде визи на руските пратеници иако се под санкции на Европската унија и покрај протестите на 20 земји, меѓу кои Велика Британија, Франција и Канада.

Австриските власти наведуваат дека како домаќини се обврзани да им издаваат визи на претставниците на сите земји-членки на ОБСЕ. Украина и Литванија најавија дека нема да учествуваат на седницата доколку Русија биде присутна.

Претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Маргарета Седерфелт, на отворањето на седницата рече дека „сочувствува со фактот што некои членки сметаат дека е неподносливо да седат во иста просторија со агресорите“ и дека „оние кои се присутни денеска имаат можност да се заземат за Украина и да се спротивстават на лагите на агресорите.“

Словачкиот делегат ја прочита изјавата на украинската делегација во која се наведува дека „присуството на воените потбуцнувачи во Виена е навреда за сето она за што се залага ОБСЕ“.

„Тие не се тука за вистински дијалог или соработка. Тие се тука да ја шират својата пропаганда, да се обидат да ги оправдаат воените злосторства што ги направија и да ги сквернават принципите на меѓународното право и човечката пристојност“, изјавија од украинската делегација.

ОБСЕ, чие седиште е во Виена, има 57 земји-членки, вклучувајќи ги Русија и Украина, а организација е создадена за време на Студената војна како платформа за дијалог меѓу Истокот и Западот.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Црн облак над Скопје: Горат трска и гуми на Смилковско езеро

Следно

Во прилепската болница се чекаат резултати, извршена е вонредна дезинфекција

Latest from Blog

Убиство во Скопје – обвинител на терен, се врши увид во куќата!

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска изврши увид на лице место во семејна куќа во Скопје, каде според првичните сознанија маж ја лишил од живот својата сопруга. Јавниот обвинител

За кардиологот на Вучиќ не е реално тој да се врати на редовните активности во следните дена

Началникот на управата за воено здравство, кардиологот Драган Динчиќ изјави дека здравствената состојба на српскиот претседател Александар Вучиќ моментално е стабилна и задоволителна, дека ќе ја напушти Воено-медицинската академија за еден час

Пред конклавата во Рим исполнети 90 отсто од сместувачките капацитети

Властите во Рим очекуваат стотици илјади туристи за време на конклавата, изборoт на нов папа, која започнува на 7 мај, а градската хотелска асоцијација наведува дека 90 отсто од сместувачките капацитети се
Go toTop