Украина бара соработка во одбранбеното производство со светските компании, понуди специјални услови

October 1, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги повика глобалните одбранбени компании на заедничко производство, јавува Анадолу.

Зеленски и министерот за одбрана Рустем Умеров присуствуваа на првиот меѓународен форум за одбранбена индустрија што се одржа во Киев, на кој учествуваа повеќе од 252 одбранбени компании од над 30 држави.

„Производителите на оружје и воена опрема од целиот свет, со приклучување кон основната декларација на оваа алијанса, можат да ја покажат својата подготвеност да го изградат арсеналот на слободниот свет заедно со Украина“, рече Зеленски.

Тој одржа состаноци со претставници на одбрабени компании од Туркије, САД, Велика Британија, Германија, Франција, Шведска и Чешка, кои дојдоа во Киев, се вели во соопштението на неговиот Кабинет.

„Наш приоритет е развој на одбранбено производство со користење на современи технологии, вклучително и производство на гранати, ракети и дронови во Украина, во соработка со глобалните лидери во оваа област“, напиша тој на платформата X.

„За време на состанокот со претставниците… разговаравме за перспективите за партнерство и заедничко производство на оружје.“

„Украина е подготвена да понуди посебни услови за компаниите кои сакаат да развијат одбранбено производство заедно со нашата земја“, додаде украинскиот претседател.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево со умерена облачност – температурите до 30 степени

Следно

Позната состојбата на голманот кој го оживуваа на терен во Холандија (ВИДЕО)

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп ќе добие нови автобуски линии и модерни возила

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, беше гостин во утринската емисија „Добро утро Македонијо“, каде одговараше на прашања од гледачите. Едно од нив беше автобускиот превоз во општината и поставување на нови линии

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без
Go toTop