Украина: 17 лица се повредени во руски напад во Криви Рог во текот на ноќта

October 20, 2024
1 min read

КИЕВ (АА) – Најмалку 17 лица се повредени во синоќешниот руски напад на украинскиот град Криви Рог, објавија денес локалните власти, известува Анадолу.

„Според ажурираните податоци, 17 лица се повредени во Криви Рог во руските напади. Осум од нив се во болница“, објави гувернерот на Днепропетровск, Серхиј Лисак на социјалната мрежа Телеграма.

Лисак рече дека се оштетени хотел, продавница, административна зграда, образовна институција и седум станбени згради.

Министерството за внатрешни работи на Украина во посебно соопштение наведе дека еден од повредените е спасител, додавајќи дека нападот предизвикал пожар, кој веднаш бил изгаснат.

Локалните власти во Киев пријавија напади и врз градот во текот на ноќта, при што Сергеј Попко, шеф на градската воена управа на Киев, тврди дека десетина руски беспилотни летала биле пресретнати или на приодот кон или над главниот град.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четворица вработени во скопската Зоолошка градина под здравствен надзор – Андоновска: Нема опасност за посетителите!

Следно

Уживајте во боите на есента на Принцовите острови во Истанбул

Latest from Blog

Традиционална прошетка на сопственици и кучиња во Мадрид, посветена на борбата против напуштањето животни

Настанот, кој се одржува на крај од годината, го организира здружението за заштита на животните „Ел рефухио“  (El Refugio), кое се бори против злоставување животни и за вдомување напуштени кучиња и мачки.

ВИДЕО Новата година стигна во Австралија со спектакуларен огномет во Сиднеј

Новата година официјално започна во Австралија со спектакуларен огномет. Пиротехника беше испукана од познатит мост во пристаништетот во Сиднеј и зградата на Операта, додека насобраната толпа ја набљудуваше сцената. Еден час пред

Меџити: Континуирани инвестиции за подобри услови за жителите на Чаир

Инвестициите во Општина Чаир продолжуваат со засилено темпо, а секојдневно се финализираат започнати проекти со цел подобрување на инфраструктурата и условите за живот на граѓаните. Денеска е завршен еден од позначајните проекти
Go toTop