УКИМ е на 1.526. место во светот на најновата листа на „Вебометрикс“, напредок за 68 места од лани

February 3, 2023
1 min read

Веб-страницата „Вебометрикс“, која прави рангирање на универзитетите во светот, ја објави годинашната ранг-листа на најдобри универзитети. Универзитетите се рангирани според нивното влијание, отвореност и исклучителност.

На првите три места се наоѓаат универзитети од САД. Прв е „Харвард“, а по него следуваат „Стенфорд“ и Технолошкиот институт во Масачусетс.

Од универзитетите во Македонија, на највисоко место се наоѓа Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а се наоѓа на 1.526. место. Тоа е раст во споредба со минатата година, кога бил на 1.594. место во светот.

Вториот најдоброрангиран македонски универзитет – „Гоце Делчев“ во Штип се најде на 3.632. место. Универзитетот на Југоисточна Европа се најде на 4.369. место на ранг-листата. На 4.631. место се најде Државниот универзитет во Тетово, а на 5.047. место е Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола.

Американскиот универзитет на Европа – ФОН е најлошо рангиран универзитет во Македонија и се наоѓа дури на 26.051. место.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Твитерџија со едноставна идеја како да се зголеми безбедноста на пешаците во Скопје

Следно

Асенсио го постигна голот на сезоната за Реал Мадрид (ВИДЕО)

Latest from Blog

ВЛЕН го разоткрива непотизмот во ДУИ – плати и привилегии за семејствата на функционерите

Реакција на движењето ВЛЕН: Партијата прогласена за „Non Grata“ од меѓународниот фактор реагирала на вработувањата на Албанците во институциите на државата. Со клевети се обидуваат да ги прикријат своите неуспеси за време

Карди Би ослободена од обвиненија за напад во 2018 година

Поротата едногласно ја ослободи 32-годишната музичарка откако таа ги негираше тврдењата дека физички нападнала обезбедувач во 2018 година, јави денеска телевизијата Court TV. Случајот се однесуваше на инцидент во Беверли Хилс, кога

Жестока тепачка на грчки остров: Се степаа пијани туристи, настрадаа полицајците (ВИДЕО)

Видео објавено на Фејсбук покажува жестока тепачка помеѓу пијани туристи и полицајци кои се обидоа да воспостават ред, објави Прототема. Сè започна кога две групи Италијанци влегоа во жестока расправија, а викањето
Go toTop