УЈП: Уште два дена за поднесување на ДДВ- 04 пријавите

December 23, 2024
1 min read

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ – 04 пријави, дека рокот истекува во среда, на 25 декември 2024 година. До денеска, според УЈП, од вкупно 7 397 очекувани ДДВ- 04 пријави, поднесени се само 1 831 што е само 24,75 отсто од вкупниот број.

Остануваат уште 5 566 ДДВ – 04 пријави кои треба да се поднесат во преостанатите два дена. Според податоците, најголем процент на поднесени ДДВ – 04 пријави е забележан во РД Тетово, додека најмалиот процент се забележува во РД Битола.

-Не го одложувајте процесот. Поднесете ги вашите ДДВ – 04 пријави навреме и избегнете непотребен стрес или санкции. Покажете одговорност и усогласеност во вашето деловно работење и бидете пример за одговорни даночни обврзници. Уште денеска поднесете ги сите потребни документи до вашите сметководители со цел навремено изготвување на ДДВ – 04 пријавите и доставување во рокот, апелира УЈП.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Перински: Главната иницијација за новиот Закон за локална самоуправа е отповик на градоначалник

Следно

Костадиновски: 2024 беше година на крупни реформи во работeњето на Уставниот суд

Latest from Blog

Променливо облачно време со умерени температури и во наредните денови

Во текот на следните неколку дена во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, со променлив правец. Минималните утрински температури ќе се движат

ВИДЕО: Македонија ќе продолжи да биде глас на разумот, порача премиерот Мицкоски по средбата со Зеленски

Премиерот на Република Македонија, Христија Мицкоски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција која што се оддржува во Германија оствари средба со украинскиот претседател Влодимир Зеленски. -Во Минхен остварив средба со претседателот
Go toTop