УЈП тврди дека дискотеката „Пулс“ не била затворена, туку само казнета за неиздавање фисклани сметки

March 24, 2025
2 mins read

Би ги демантирале шпекулациите во јавноста во насока на обиди за политизација, како и пласираните информации од некои медиуми, а кои во ниту еден момент не се побарани да бидат потврдени од УЈП, ниту се дадени од УЈП. Не се точни информациите дека во декември 2024 година дискотеката „Пулс“ била „пломбирана“ од УЈП, но она што можеме да го потврдиме е дека за овој објект е изречена казна за сторен прекршок во декември 2024 година, согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања, се вели во нивото соопштение испратено до медиумите.

-Со длабока згрозеност го примивме овој трагичен настан и се приклучуваме кон сочувството и поддршката за сите погодени. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на загинатите и закрепнување на повредените.

Поради сензитивноста на случајот, а во интерес на истрагата за овој трагичен настан, Управата за јавни приходи ќе се воздржи од соопштување на информации, со цел на било каков начин да се спречи влијае на истрагата која е во тек.

Управата за јавни приходи соработува со надлежните органи во насока на обезбедување на потребни докази и информации за потребите на истражните и кривичните постапки.

Ја користиме оваа прилика за апел – да не се шпекулира со информации и да не се изнесуваат информации кои не се потврдени од истрагата, вклучувајќи ги и информациите кои произлегуваат од законските надлежности на УЈП, имајќи предвид дека целокупната јавност е потресена од овој трагичен настан.

Би ги демантирале шпекулациите во јавноста во насока на обиди за политизација, како и пласираните информации од некои медиуми, а кои во ниту еден момент не се побарани да бидат потврдени од УЈП, ниту се дадени од УЈП. Не се точни информациите дека во декември 2024 година дискотеката „Пулс“ била „пломбирана“ од УЈП, но она што можеме да го потврдиме е дека за овој објект е изречена казна за сторен прекршок во декември 2024 година, согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања.

„Пломбирање“ кое се пласира и за кое се шпекулира во јавноста е извршено кај друг угостителски објект (со друг назив) кој бил предмет на контрола и за кој изречена привремена забрана за вршење на дејност од 15 дена во периодот јули 2023 година, по претходно извршени контроли од УЈП согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Во рамките на законските надлежности на УЈП, кај должникот обврзник ММММ Кафе ДООЕЛ во неколку наврати во период од крајот на 2022 година се реализирани постапки на извршување на неплатен долг со блокада на сметка и долгот е наплатен, по што сметката по автоматизам се деблокира од банката. Но, од август 2024 година постапките за извршување на долгови, се сеуште активни заради наплата од средства на должникот во банките по повеќе основи (даночни долгови и плати).

Би укажале дека блокирање на сметка, како мерка, согласно законот за даночна постапка, е предвидена во постапка на извршување односно наплата на долг во постапка на присилна наплата која ја спроведува УЈП. Во постапка на присилна наплата на долг согласно Законот за даночна постапка не е предвидена мерка затворање на објект. Блокирањето на сметка како мерка, и привремена забрана за вршење на дејност како мерка, се изрекуваат за различни основи, согласно различни закони и во различни постапки кои ги спроведува УЈП, велат од Управата.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Спајиќ: Црна Гора не учествува во програмата за испраќање на мигрантите од Велика Британија на Балканот

Следно

Уапсени шест лица, питачеле на ГП „Табановце“

Latest from Blog

Кошта: Црна Гора е еден од најдобрите примери за позитивниот моментум на проширувањето на ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска во Подгорица изјави дека Црна Гора е „еден од најдобрите примери за позитивниот моментум на проширувањето на ЕУ“. Кошта, кој е на својата прва турнеја

Филипче за одбиениот закон за Кочани: Ова не беше момент за политички инает

Денешната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не го поддржат Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените од Кочани, за мене е вистинско разочарување, ова беше момент на

Германија повика на итни мерки за спречување на гладот ​​во Газа

БЕРЛИН (АА) – Германија денес повика на итни чекори за спречување на акутниот глад во Газа до кој дојде поради израелската блокада на испораката на хуманитарна помош за Палестинците, известува Анадолија. Зборувајќи

Уапсен 33-годишен во демирхисарско, пронајдена дрога и оружје

Денеска (14.05.2025), полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода М.Ш.(33) од Битола, со

Филипче за одбиениот закон за Кочани: Ова не беше момент за политички инает, туку за одговорност и зрелост

Филипче за одбиениот закон за Кочани: Ова не беше момент за политички инает, туку за одговорност и зрелост Денешната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не го поддржат Законот за
Go toTop