УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумпција на невиност за сите постапки

January 17, 2026
1 min read

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека континуирано соработува со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната област. Стручните констатации и наодите добиени од спроведените контроли претставуваат основа за постапување на другите надлежни органи.

-Во врска со актуелниот случај кој се однесува на 11 вработени, УЈП е во постојана и целосна соработка со обвинителството, при што обезбеди и достави целосна документација, материјали и експертски појаснувања поврзани со даночната регулатива и постапките. Управата за јавни приходи јасно нагласува дека нема компромис кога станува збор за незаконито постапување, злоупотреба или корупција. Овие појави се неприфатливи и целосно спротивни на професионалните и етичките принципи на институцијата, велат од УЈП.

Истовремено, УЈП смета дека во сите постапки мора доследно да се почитува принципот на презумпција на невиност, како основна гаранција во правниот поредок.

Во меѓувреме, додека трае постапката, УЈП презеде навремени и соодветни мерки за обезбедување непречено функционирање на институцијата и стабилност на работните процеси во засегнатата организациона единица. Со тие активности се овозможува континуитет во работењето, заштита на јавниот интерес и зачувување на институционалниот интегритет.

-Управата за јавни приходи останува посветена на владеењето на правото, отчетното и професионално постапување и на заштитата на јавниот интерес. УЈП продолжува да соработува со сите надлежни органи со цел утврдување на одговорност таму каде што постои, но и зачувување на угледот, довербата и интегритетот на институцијата и нејзините вработени, велат од УЈП.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска за Бизнис Вести: Македонија ја гради мапата за зелена енергија

Следно

Изчезна мал патнички авион на индонезиски остров, потрагата во тек: „Условите се многу тешки“

Latest from Blog

Најмалку тројца загинати во масовна пукотница во Сиетл, повредено и дете (ВИДЕО)

Меѓу повредените е и двегодишно дете, а полицијата потврди дека истражува инцидент со повеќе жртви и ги замоли граѓаните да ја избегнуваат областа, пишува Би-Би-Си. Тројца мртви, пет повредени Противпожарната служба на Сиетл

Судијата згрозен: Му ја зголеми кауцијата на маж од Тексас кога дозна каков злостор направил кон бебе (ВИДЕО)

Судските документи покажуваат дека Брендон Лефлер, 46, е обвинет за кривично дело злоупотреба на деца во врска со инциденти што се случиле во септември 2024 година во Бомонт, Тексас. Лефлер бил уапсен

Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Денеска (26.07.2026) од страна на Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен е претрес на дом и други

Арсенал не жали пари: Винисиус на „Емирати“ ќе биде најголемиот трансфер во 21. век

ФОТО:facebook.com/RealMadrid/ Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, заработува 400.000 фунти неделно, а шампионите на Премиер лигата се подготвени да му понудат уште подобри услови. Лондончани се подготвени на сè за да ги
Go toTop