УЈП казни и затвори 5 субјекти, утврдени неправилности

August 1, 2025
1 min read

Во периодот од 21 до 27 јули 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 154 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, слаткарници, колонијали, продавници за облека и накит, месарници, цвеќарници, рибници туристички агенции, хотел и други трговски објекти за продажба на мало.

Контролите беа реализирани низ државата во повеќе градови, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период има зголемена фреквенција на туристи. Од 154 контролирани субјекти, кај 34%, односно кај 52 од контролираните се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински промет.

За утврдените неправилности донесени се 52 прекршочни санкции – глоби, кои ќе бидат одмерени согласно големината на субјектот. Кај пет даночни обврзници, поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години, изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност. Привремено затворање на објекти е изречено за три субјекти во Охрид, еден во Гостивар и еден во Струга.

Анализата на спроведените контроли и утврдените неправилности по градови е следна:

         •Во Скопје извршени се 43 контроли и при истите утврдени се 9 неправилности;

         •Во Струга, Охрид и Ресен извршени се 64 контроли, а утврдени се 10 неправилности во Струга, Охрид – 14, Ресен – 2 ;

        •Во Прилеп извршени се 5  контроли, a утврдени се 3 неправилности;

        •Во Струмица и Дојран извршени се 12 контроли, а утврдени се 2  неправилности во Дојран

        •Во Тетово, Гостивар и Кичево извршени се 15 контроли, а утврдени се 6 неправилности од кој 4  во Тетово, и по една во Гостивар и Кичево;

        •Во Штип, Македонска Каменица и Берово извршени се 15 контроли и утврдени се по 3  неправилности во Македонска Каменица и во Берово;

Апелираме до сите даночни обврзници да постапуваат совесно и согласно законските прописи, со цел да придонесат кон зајакнување на даночната усогласеност и унапредување на даночната дисциплина во државата.

Управата за јавни приходи врз основа на извршените контроли согласно Закон за регистрирање на готовински плаќања, ќе врши вкрстени проверки со цел да ја провери веродостојноста на искажаните приходи кај даночните обврзници.

Издавањето фискални сметки и користењето мобилни фискални апарати не претставуваат само законска обврска – туку и клучен чекор кон правично, транспарентно и одговорно деловно опкружување.

Управата за јавни приходи останува цврсто посветена на доследна примена на законите и обезбедување еднаков третман за сите даночни обврзници. Почитувањето на законските обврски е заедничка одговорност и темел на одржлив, функционален и фер даночен систем.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во архитектурата важни се темелите, а во животот – кичмата

Следно

Изет Меџити: Пензионерите не бараат милост, туку достоинство, ние им го вративме!

Latest from Blog

РУСКАТА “ПОДМОРНИЦА НА СУДНИОТ ДЕН“ за прв пат за спушти во морето. Која е нејзината цел?

Најновата руска нуклеарна подморница, поради капацитетот, составот на вооружување и стартешката подвижност е наречена “подморница на судниот ден“ наменета за нуклеарна војна – за прв пат го напушти пристаништето минатата недела. Додека

Драган Даниловски: Дел од заболените и починатите од западнонилска треска се заразиле во Македонија

Разговараше: Ирена МУЛАЧКА Пет смртни случаи и вкупно 43 потврдени од западнонилска треска во Македонија. Тоа засега е црниот исход од епидемијата, која веќе одреден период тресе неколку скопски општини, Кисела Вода,

Млеко со афлатоксин од Косово за малку ќе стигнеше до македонските маркети: запрени 27,5 тони

Повеќе од 27,5 тони УХТ млеко од Косово, наменети за продажба во македонски маркет, биле запрени на граничниот премин „Блаце“, откако лабораториските анализи покажале присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации. Станува

Цело раководство на Партизан си даде оставка, си оди и тренерот Илиќ

Раководството на белградски Партизан и главниот тренер Саша Илиќ ќе поднесат оставка по реваншот против Хетафе, без оглед на резултатот од натпреварот, соопшти клубот од Хумска. Новото раководство ќе го одлучи Собранието
Go toTop