УХМР со жолто предупредување: Нестабилно време со дожд во повеќе региони низ Македонија

January 29, 2025
1 min read

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолто предупредување за нестабилни временски услови со врнежи од дожд во повеќе региони низ Македонија.

„Во текот на попладневните часови и во ноќните часови се очекуваат локални врнежи од дожд, на одредени места со поголем интензитет. Во западните предели има услови за појава на грмежи“, соопшти УХМР.

Временските услови утре ќе останат нестабилни, со локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, каде што се можни поројни дождови проследени со ретки грмежи.

Во петок и сабота се очекува стабилизирање на времето, додека во недела попладне, во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник претпладне повторно се прогнозираат врнежи од дожд, а на планинските предели снег.

Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе предизвика пад на температурите.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Познат хирург од Битола уапсен како зема поткуп од пациент

Следно

Мисајловски на завршната симулирана вежба, дел од проектот за сајбер безбедност во Западен Балкан

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop