УХМР: Најмногу снег наврна во Дебар и Крушево, најладно е на Попова Шапка

November 26, 2023
1 min read

За денеска претпладне се најавува променливо облачно и студено време, понекаде и особено во источните делови ќе провејува слаб снег

Најмногу снег во изминатите 24 часа е наврнат во Дебар и Ѓуриште – 20 сантиметри. Снег има и во Крушево 17 сантиметри, во Битола и Крива Паланка по 14, во Берово и Охрид по 12, во Прилеп 10, во Куманово и Штип по 5 и во Претор 2 сантиметри,  информира утрово Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Најниска температура во земјава изутринава е измерена на Попова Шапка, -10 степени, а максимални четири степени се измерени во Гевгелија.

„Врнежи од дожд имаше во Дебар, каде наврнале 41 литар на метар квадратен, по што следат Маврови Анови со 40, во Битола 27, во Демир Капија 23, во Претор 21, во Охрид и Струмица 20, во Берово 19, во Крушево и Кавадарци 18, во Скопје – Зајчев Рид 15, во Ѓуриште 14, во Прилеп 13, во Куманово и Попова Шапка 12, во Велес 10, во Штип и Гевгелија 9, во Виница 7 и во Охрид и Дојран 5“,  

информира УХМР.

За денеска претпладне се најавува променливо облачно и студено време, понекаде и особено во источните делови ќе провејува слаб снег. Од пладневните часови во поголемиот дел од земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец над 70 километри на час.

Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, студено и ветровито, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен на повисоко и во источните делови од регионот. Максималната температура ќе достигне 5 степени.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Москва тврди дека соборила 24 украински дрона над повеќе руски региони

Следно

Израел го повтори барањето Палестинците во Газа „да се движат само кон југ“

Latest from Blog

Parashikimi i motit për ditën e nesërme

Instituti Hidrometeorologjik i Kosovës ka njoftuar se të enjten, në Kosovë do të mbajë mot me diell dhe vranësira të pjesshme. Sipas IHMK-së, temperaturat minimale do të lëvizin nga 2 deri në

Трамп го повика Путин на Флорида

Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се

Арсенал тргнува по германски репрезентативец од Премиер лигата

Арсенал сериозно го разгледува Кевин Шаде како потенцијално засилување, а Топчиите би можеле да направат конкретен чекор за германскиот репрезентативец уште во јануарскиот преоден рок. Според информациите, крилниот напаѓач на Брентфорд е
Go toTop