УЕФА одобри знаме со карта на „Голема Унгарија“ во евроквалификациите

March 22, 2023
1 min read

Унгарската фудбалска федерација (МЛСЗ) соопшти денеска дека добила дозвола од УЕФА и организацијата ФАРЕ да го користи знамето на таканаречената „Голема Унгарија“ на натпреварите од квалификациите за ЕУРО2024.

Во соопштението се наведува дека МЛСЗ побарала мислење од УЕФА и ФАРЕ, која се занимава со борба против дискриминација во фудбалот, околу знамето со карта на „историска“ Унгарија,

Унгарската федерација објави дека навивачите ќе можат да ги користат овие знамиња на трибините, бидејќи УЕФА и ФАРЕ оцениле дека не станува збор за политички симбол.

На знамињата е исцртана карта која ја претставува територијата на поранешна Унгарија, чии делови денес се наоѓаат во границите на Србија, Словенија, Романија, Украина, хрватска, Словачка и Австрија.

Унгарија во евроквалификациите е во група со Србија, Црна Гора, Бугарија и Литванија.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НОВА ОДЛУКА за запишување во средните медицински училишта во Македонија

Следно

Украина гори цела генерација свои луѓе

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop