УЕФА има рекордни приходи

April 4, 2025
1 min read

Успешното Европско првенство во Германија, за кое беа продадени 2,7 милиони билети, придонесе УЕФА лани да оствари рекордни приходи од 6,8 милијарди евра, од кои најголемиот дел, 73,1 отсто, се од медиумски права.

И резервите во моментов се над посакуваната граница од 500 милиони евра, што значи стабилно работење до 2028 година.

-Често слушам дека УЕФА премногу се фокусира на правење пари. Но, ние не сме бесчувствителна профитна машина. Ние сме чудо за собирање пари и нивна распределба, и тоа го правиме со совест. Затоа што враќаме. Затоа што ние ги распределуваме овие средства, вкупно 97 отсто, праведно и со добра волја. Ги враќаме парите во фудбалот, во европскиот фудбал во корист на многумина, а не само на неколкумина, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин во своето обраќање на редовниот 49 конгрес на европското раководно тело во Белград.

Во периодот 2025/26, главни настани ќе бидат машките клупски натпреварувања од кои се планира да биде остварен приход од 4,5 милијарди евра, а УЕФА со нетрпение го очекува и овогодишното Европско првенство за жени во Швајцарија, за кое ќе бидат пуштени во продажба рекордни 700.000 влезници.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската армија тврди дека убила еден од лидерите на Хамас во Јужен Либан

Следно

Штипјанка пријавила обид за измама за сообраќајка

Latest from Blog

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе
Go toTop