Училиштата се празнат! – Куманово силно погодено од иселувањата

January 23, 2025
1 min read

Едно од најголемите кумановски основни училишта е полупразно. „Бајрам Шабани“ некогаш беше преполно со ученици, но тие генерации сега може да се видат само на фотографиите што висат на ѕидовите. Раководството на училиштето е загрижено, бидејќи не можат да ги пополнат паралелките. Велат дека родителите ги одјавуваат своите деца и заминуваат на печалба.

„За жал, бројот на уписи на ученици е намален, но за разлика од претходните години не толкму многу. До крајот на оваа година имаме 5 ученици кои се преселиле во странство и 5 други во земјава кои го промениле местото на живеење“, вели Фатмир Едипи.

-Оние кои заминаа поради која причина го сториле тоа?

„Поради работа на членови од семејството, поради тоа што родителите се иселиле и ги носат децата со себе“.

Ниту средните училишта не се подобри! Раководството на училиштето „Сами Фрашери“ вели дека во последните години добиле посебна дозвола од Министерството за образование да ги одржуваат паралелките под законската граница за формирање паралелки. Порано имаше 9 паралелки во една генерација, сега постои ризик да останат со 6.

„Бројката од пред една деценија е многу загрижувачка затоа што пред 12 години во нашето училиште имавме околу 1.300 ученици, додека денес имаме 567, што е повеќе од половина од бројот на ученици. Клучен фактор е масовното иселување кое се случува во последните години“, вели Нагри Реџепи.

Општина Куманово има 21 училиште, од кои 17 се основни и 4 средни. Од нив, 111 основци се отпишани, додека 63 ученици ги напуштиле средните училишта, информираат од Општинскиот сектор за образование. Тоа значи дека околу 100 семејства се иселени од општината, која сега има 13.454 ученици. Ова прашање е покренато на седница на општинскиот совет, со цел преземање итни мерки.

Од Министерството за образование велат дека сите училишта доставуваат годишен извештај на крајот на учебната година. Тие немаат ажуриран број за тоа колку ученици го напуштиле училиштето на национално ниво. Не ни дадоа никакви информации за причините или мерките за спречување на оваа појава. Податоците на Заводот за статистика покажуваат дека Македонија во последните 7 години изгубила 17.000 ученици низ сите училишта во земјава.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НОМИНАЦИЈА ЗА ОСКАР ЗА НАЈДОБАР КРАТОК ФИЛМ ЗА ХРВАТСКИОТ „ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ“ НА НЕБОЈША СЛИЈЕПЧЕВИЌ

Следно

Мицкоски до ракометарите: Со вашата борбеност и срце оставено на терен, ја израдувавте целата нација

Latest from Blog

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Шамбевски повикува на независна истрага за злоупотребите во СЈО

Сведоштвото на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, е едно од најсериозните и најдиректните откритија за тоа како функционирала злоупотребата на правосудниот систем во Македонија. Ова не е сензационализам – тоа е

ФФМ го трансформира македонскиот фудбал со сопствен ЛЕД екран од 210 метри

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) направи значаен исчекор кон модернизација на стадионите и подобрување на спортската инфраструктура. Наместо изнајмување, федерацијата инвестираше во сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, што создава целосно ново

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,
Go toTop