Училиштата и градинките ќе плаќаат 35 отсто поевтино парно

February 29, 2024
1 min read

Регулаторната комисија за енергетика донесе вонредна одлука на цената на парното греење во Скопје за деловните корисници со која се намалува цената за 35 отсто.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, изјави дека цената на топлинската енергија за потрошувачите во град Скопје е намалена поради намалените трошоци за природен гас.

– Ние ја следевме цената на берзите и имајќи предвид дека со прертходната одлука одевме со повисоки цени бидејќи такви беа фјучерсите, ова што е реализирано во јануари, февруари и март ни даде основа да ја донесеме одлуката, со цел на сите овие потрошувачи, како што се училиштата, градинките и малите дуќани, кои немаа никаква субвенција, да им ги намалиме трошоците за топлинска енергија. Со тоа ќе овозможиме и тренд на нови потрошувачи од сферата на деловните корисници, рече Бислимоски.

Сметката што ќе ја добијат овие деловни субјекти за февруари ќе биде намалена 35 отсто.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Индекс на Фридом хаус: Македонија делумно слободна земја

Следно

Баер ја одреди цената за Чаби Алонсо

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop