Учениците од второ одделение на почетокот на полугодието ќе добијат учебници по математика и општество

January 22, 2023
1 min read

Учениците од второ одделение на почетокот на второто полугодие ќе ги добијат учебниците по математика и општетство, најави денеска Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Тој пред почетокот на второто полугодие истакна дека годинава ќе има и дел од учебниците за средно гимназиско образование, а речиси сите учебници за средно стручно образование ќе бидат целосно достапни и во електронска форма.

Министерството за образование и наука годинава ќе обезбеди и нови учебници за странски јазици за основно и средно образование. Министерот Шаќири го најави и новиот Закон за учебници.

– Министерството за образование и наука со оглед на предизвиците со учебниците што се појавија, утврди дека има потреба од нов подобар Закон за учебници, со кои ќе се минимизираат можностите за грешки, доцнење и слични проблеми и убеден сум дека следниот септември дел од проблемите што се појавија ќе бидат минато и нема да се повторат. Иако МОН не е дел од процесот на одобрување на учебници, ја користам приликата да ја информирам јавноста дека ги активираме сите можни механизми, довербата на граѓаните да биде уште поголема, рече Шаќири.

Најавува дека и инвестициите во нови лаборатории, надгледни средства, таблети и компјутери ќе се удвојат, а стотина училишта ќе имаат целосна вифи покриеност, со што, како што, вели Шаќири ќе се намали дигиталниот јаз.

Прашан дали годинава ќе има зголемување на платите на наставниот кадар во основните и средни училишта, Шаќири вели дека лани добиле рекордно покачување на платите од 15 отсто, а оти во моментов со синдикатите се разговара и за донесување нов колективен договор.

-Ценам дека трудот на наставниците се уште е недоволно награден, со оглед и на инфлацијата, па така ние и во моментов разговараме со синдикатите и бараме решение за нов колективен договор, со кој ќе се покачат платите во образованието, рече Шаќири.

Министерот за образование и наука смета дека со инвестициите во наставниот кадар, неговото усовршување, реновирањето на училиштата, со воведување нa целодневна настава на целата територија на државата ќе се побара и поголем труд од наставниците, со цел да има поподготвени ученици, кои полесно ќе се вклучат на пазарот на трудот. Забележа дека лани МОН имало 95 ороценти реализација на капиталните инвестиции, а годинава околу 50 училишта ќе се реновираат, но и ќе се градат нови училишта во дваесеттина општини.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски го свика Советот за безбедност, седницата закажана за утре

Следно

Шпански и италијански клубови заинтересирани за Барди

Latest from Blog

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот

Аргентина немаше милост и со 7:0 ја растури Буркина Фасо, во меч кој за малку немаше да се одигра (Видео)

Аргентина убедливо со 7:0 славеше над селекцијата на Буркина Фасо во контролен меч. Вистинска драма се случуваше пред мечот. Африканската селекција која е на 62 место на ФИФА листата одби да патува

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот
Go toTop