Ученици од Гази Баба ги посетија службените кучиња на МВР

June 3, 2025
1 min read

Денес во посета на министерството за внатрешни работи во Единицата за службени кучиња беа учениците од шесто одделение од ООУ.„Наум Наумовски – Борче“ – Гази Баба и Бобан Стефковски, градоначалникот на оваа скопска општина.  

Гостите, придружувани од претставници кабинетот на министерот Тошковски, имаа можност да се запознаат со работата на оваа полициска единица и се што прават службените кучиња за безбедноста на граѓаните, вип лица и објекти како откривање експлозиви, оружје и забранети супстанции.

Потоа учениците присуствуваа на показна вежба на која службениците полициски кучиња извршуваа наредби од своите тренери и во пракса пронајдоа експлозиви и оружје исто како што би било во реална ситуација. На крај учениците имаа можност да се дружат со најмалите кучиња кои се на почетокот на процесот на тренирање. Секако имаше и многу прашања кои се одговорија како: Дали едно куче може да пронаоѓа повеќе работи и оружје и дрога, кога почнува а кога завршува обуката на едно полициско куче, кој им ги дава имињата на кучињата, на кои полициските службеници одговорија со задоволство. Секако дечињата научија дека за безбедноста на сите нас, освен полицијата надлежен и секој со своето однесување и дека кога сите внимаваме, сите сме побезбедни.

 МВР преку вакви активности продолжува да ја доближува полицијата до граѓаните, прикажувајќи ја работата на различните сектори. Целта е јасна: повеќе доверба, поголема безбедност и заедничко учество во градење на посигурна средина за сите!

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вака изгледаше ерупцијата на Етна од вселената

Следно

Сторија 24: Тетово се гуши во прав

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop