„Убивањето недолжни цивили е доказ дека Израел има цел свесно уништување на палестинскиот народ“, објави турското МНР

March 1, 2024
2 mins read

АНКАРА (АА) – Израелскиот напад на недолжните цивили што чекаа во ред за помош е доказ дека цел е свесно и колективно уништување на палестинскиот народ, порачаа вчера од Министерството за надворешни работи на Туркије, известува Анадолу.

Министерството со соопштение се огласи во врска со израелскиот напад врз Газа, во кој смртно настрадаа најмалку 112 Палестинци кои чекаа хуманитарна помош.

„Со убивањето на Палестинците на плоштадот Набулси, Израел на своите злосторства против човештвото додаде уште едно злосторство. Фактот дека Израел, кој жителите на Газа ги осуди на изгладнување, овој пат како цел ги имаше недолжните цивили што чекаа во ред за помош, што е доказ дека има цел свесно и колективно уништување на палестинскиот народ“, се истакнува во соопштението.

Анкара нагласи дека Израел мора веднаш да ја прекине воената операција во Газа, но посочи дека израелската Влада нема здрав разум и совест за да донесе таква одлука.

„Целиот свет мора да види дека угнетувањето во Газа ќе се претвори во катастрофа што ќе има глобални последици надвор од регионот. Во тој контекст, ги повикуваме сите групи што имаат влијание врз израелската Влада да ја запрат бруталноста во Газа“, пишува во соопштението на турското МНР.

Министерството за здравство во Газа објави дека најмалку 112 лица се убиени, а 760 се ранети вчера наутро кога израелските сили изведоа напад врз Палестинците кои чекаа хуманитарна помош јужно од градот Газа.

Израелската војска објави дека прелиминарната истрага открила дека некои Палестинци му се приближиле на воениот контролен пункт, а војниците пукале истрели на предупредување и пукале во нозете на Палестинците кои продолжиле да се движат кон израелските трупи.

Од почетокот на израелските немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година, досега се убиени над 30.000 Палестинци, главно деца и жени, а ранети се повеќе од 70.000 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Се претпоставува дека под урнатините се наоѓаат илјадници мртви.

По тужбата за геноцид што ја поднесе Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Меѓутоа, израелските сили и понатаму продолжуваат со нападите врз Појасот Газа.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, но, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ), со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Билд: Војник на Бундесверот уби четири лица, меѓу кои и едно дете

Следно

Маричиќ: Италија е голем поддржувач на Северна Македонија на патот кон ЕУ

Latest from Blog

Маж нападнат со нож во струшко Враништа

На 06.07.2025 година во 17,30 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, во близина на струшкото село Враништа, едно лице, започнало вербална расправија со С.Г.(51) од струшкото село Лабуништа по што, со

Стојанче Ангелов: Сѐ е во ред!

Втор ден пожар кај граничниот премин Блаце: ветерот и стрмниот терен ја отежнуваат битката со огнот Пламените јазици што вчера избувнаа крај магистралниот пат кон граничниот премин Блаце и денеска се шират

Муцунски вечер во Охрид ќе го пречека албанскиот министер за надворешни работи Хасани

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вечерва во Охрид ќе го пречека албанскиот министер за надворешни работи Игли Хасани. Муцунски денеска е во работна посета на Хаг, каде ќе

Зајдисонце во Трабзон

ТРАБЗОН (АА) – Црвенилото на небото од зајдисонцето во Трабзон и џамијата „Аја Софија“ создадоа прекрасна слика во оваа турска област, известува Анадолу. Зајдисонцето во Трабзон создава прекрасна глетка на градот и

Во Русија беа откажани 485 лета во текот на викендот поради напади со беспилотни летала

МОСКВА (АА) – Во Русија се откажани 485 лета, а приближно 1.900 летови се одложени поради нападите со беспилотни летала извршени од украинската армија во текот на викендот, известува Анадолу. Во соопштението
Go toTop