Убиството во Кочани да се третира како последица на долгогодишно насилство и да се одреди највисока казна за сторителот, бара Националната мрежа против насилство

September 27, 2023
2 mins read

Од Мрежата бараат да биде испитана и одговорноста на службените лица кои не постапиле навремено по пријавите за насилство кои му претходеле на убиството, а жртвата ги пријавила. Освен за овој случај, бараат исто да се постапува и во врска со двојното убиство во Куманово, кога маж ги уби својата сопруга и нејзината мајка, а потоа се самоуби

За убиството во Кочани денеска реагираа и од Форумот на жени на Либерално-демократската партија (ЛДП) и побараа итно расчистување на случајот. Она што запрепастува, велат оттаму, е фактот што заканите неколкупати биле пријавувани во полицијата и во обвинителството од каде жената барала заштита

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство бара најстрога казна за мажот што со 40 убоди од нож уби 46-годишна жена во Кочани. При одредувањето на висината на казната, оттаму бараат да се земат предвид сите околности, а убиството да се третира како последица на долгогодишно семејно насилство.

„Бараме од Основното јавно обвинителство да го квалификува убиството во Кочани согласно член 123, став 2а ‘друг ќе лиши од живот жена или девојче до 18 години, при вршење на родово-базирано насилство’. Бараме одредување највисока казна за сторителот“,

велат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Дополнително, од организацијата бараат да биде испитана и одговорноста на службените лица кои не постапиле навремено по пријавите за насилство кои му претходеле на убиството, а жртвата ги пријавила. Освен за случајот во Кочани, од организацијата бараат исто да се постапува и во врска со двојното убиство во Куманово, кога маж ги уби својата сопруга и нејзината мајка, а потоа се самоуби.

„По спроведената постапка за утврдување одговорност, очекуваме службените лица да бидат соодветно санкционирани“,

велат од мрежата на граѓански организации.

Анализата на Мрежата покажала дека во периодот од 2017 до 2020 година во државата се регистрирани вкупно 22 фемициди. Кај повеќето од анализираните случаи, како што додаваат оттаму, убиството е извршено од сегашен, поранешен или вонбрачен партнер со кого жртвата живеела во заедница. Во над 80 отсто од случаите, убиството се случило или во заедничкиот дом или, доколку биле разделени, во домот на жртвата.

„Алармантен е податокот од истражувањето на ОБСЕ, објавено во 2019, дека жените многу ретко го пријавуваат насилството кое претходи, односно се пријавени само два процента од насилните инциденти и тоа најчесто се пријавува најсериозниот. Овие наоди се јасни индикатори за недоверба кон институциите и генерално недоверба во системот на заштита.

информираат од Националната мрежа.

Според нив, со неказнувањето или несоодветното казнување на сторителите на насилство им се праќа порака со која се одобрува нивното насилно однесување и тие се охрабруваат да продолжат да вршат насилство.

За убиството во Кочани денеска реагираа и од Форумот на жени на Либерално-демократската партија (ЛДП) и побараа итно расчистување на случајот. Она што запрепастува, велат оттаму, е фактот што заканите неколкупати биле пријавувани во полицијата и во обвинителството од каде жената барала заштита.

„Во текот на 2022 година во Северна Македонија се регистрирани 1 074 жени – жртви на семејно насилство и покрај кампањите и различните мерки за подигање на свеста и предупредување. Потребни се пошироки општествени и правни реформи за подобра заштита на жените од вакви ужасни случувања“,

велат од Форумот. 

Реакциите следуваат откако пред два дена четириесет и шестгодишната жена беше убиена пред својата куќа во Кочани. Почина по 40. убодни рани што и ги нанесе 59-годишник. Жената претходно неколкупати пријавувала закани во полиција и во јавното обвинителство од каде што барала и заштита.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уште колку нацисти држи Канада како угледни граѓани?

Следно

Албански опозициски фронт: „Еуровиа“ доби уште еден тендер од над еден милион евра за канализација во Арачиново

Latest from Blog

Проданоски: Плоштадот „Александрија“ вечерва во знакот на фудбалот

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, вечерва заедно со бројни граѓани присуствуваше на организираното јавно следење на фудбалскиот натпревар меѓу Португалија и Шпанија, кој се емитуваше на голем екран на плоштадот „Александрија“

Кина тестираше интерконтинентална балистичка ракета од нуклеарна подморница

Кина тестираше ракета со голем дострел во Јужниот Пацифик; Австралија го оцени потегот како „дестабилизирачки за регионот“ Лансирањето на ракетата се случи само неколку часа откако Австралија и Фиџи потпишаа договор за

Обвинителството бара мерки на претпазливост за тројца осомничени за насилство врз дете во Маџари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за три лица осомничени за насилство врз малолетно лице во скопската населба

На Македонската берза промет од 14,5 милиони денари, доминираше Комерцијална банка

Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,07 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската
Go toTop