Убиени најмалку 47 Палестинци во израелските напади на Појасот Газа

December 17, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 47 Палестинци се убиени ова утро во израелските воздушни напади на згради во градот Џабалија и на бегалскиот камп Деир ал-Балах во Појсот Газа, пренесува Анадолу.

„Убиени се 35 Палестинци, а десетици се повредени во текот на денешните израелски бомбардирања на згради во градот Џабалија во северниот дел на Појасот Газа“, објави палестинската новинска агенција ВАФА.

Локалните извори објавија дека во нападот се ранети најмалку 90 лица, а голем број Палестинци сѐ уште се наоѓаат под урнатините.

„Израелски воени авиони бомбардираа и куќа во бегалскиот камп Деир ал-Балах, убивајќи најмалку 12 Палестинци и ранувајќи десетици“, објави ВАФА.

Паралелно со ова, израелската артилерија го гранатираше и дворот на болницата Насер во Хан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, ранувајќи две момчиња.

И израелската морнарица гранатираше неколку подрачја северно од Хан Јунис и неговиот западен брег.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СО ПРЕМИЕРАТА НА БАЛЕТОТ „МОЛИТВИ НА МОЕТО ТЕЛО“ ВО НОБ СЕ ЗАОКРУЖУВА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ШОПОВ

Следно

Над 3.600 деца вакцинирани или им е закажан термин преку кампањата „Од врата до врата“

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop