Убиен шефот на обезбедувањето на Амбасадата на Азербејџан во Техеран

January 27, 2023
1 min read

Маж вооружен со автоматска пушка „калашников“ денеска ја нападна амбасадата на Азербејџан во главниот град на Иран, Техеран, при што го уби шефот на обезбедувањето и рани двајца чувари, соопштија официјални лица.

Се уште никој не кажа кој би можел да биде мотивот за нападот во Техеран.

Иранските медиуми не објавија веднаш за нападот.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Азербејџан се наведува дека истрагата за тој „предавнички“ напад е во тек. Министерството соопшти дека напаѓачот со истрели го уништил безбедносниот пункт.

Азербејџан се граничи со Иран на северозапад. Во октомври, Иран одржа воени вежби во близина на границата со Азербејџан демонстрирајќи воена сила во услови на големи протести во земјата. Азербејџан, исто така, одржува блиски врски со Израел, кој Техеран го смета за свој главен регионален непријател. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ЕУ: Путин, од специјална операција, се префрли на војна против НАТО и Западот

Следно

Спасовски: Да не се блокираат патишта, апелирам на мирно и достоинствено чествување

Latest from Blog

На убиецот на Џон Ленон му е одбиено 14. барање да биде пуштен на слобода, помина четири децании во затвор

Чепмен поминал повеќе од 40 години во затвор и отслужува казна од 20 години до доживотен затвор за убиството на поранешниот член на „Битлси“ во декемвриската ноќ додека тој и неговата сопруга

Низ Србија вечерва протести под мотото – „Со ’рбет против насилството“

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека 13 полицајци се повредени и дека вкупно 42 лица се приведени. Студентите во блокада наведуваат дека инцидентите биле инсценирани и дека дејствијата на полицијата

Квалификации за СП 2026: Англија и Португалија со очекувани победи (ВИДЕО)

Фудбалските репрезентации на Англија и Португалија обезбедија очекувани победи на денешните попладневни квалификациски дуели за СП 2026. Англија ја победи Андора со 2-0 во Бирмингем во четвртиот натпревар од квалификациската група К

Изет Меџити го повика Бујар Османи на јавна дебата за локалните избори во Чаир

2 Првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и просторно планирање и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите одговарајќи на новинарско
Go toTop