Убаво чудо: Преживеа бебе родено со само 300 грама

October 30, 2025
1 min read

Лекарите во Универзитетската болница во Магдебург, источна Германија, успеале да одржат во живот предвреме родено женско бебе – со тежина од само 300 грама, доволно долго, за тоа да почне да се развива, објави „Билд“.

-Детето беше на вентилатор седум недели пред да може да дише самостојно. Третманот бараше исклучително прецизен и внимателен пристап. Семејството остана в болницата долго време за да ја изгради и одржи врската со детето, а девет недели по првично проценетиот датум на раѓање, родителите конечно го зедоа девојчето дома, изјави главниот лекар Ралф Бетгер.

Болницата соопшти дека станува збор за извонреден медицински успех, бидејќи девојчето е родено 16 недели пред терминот, а тоа се смета за екстремно предвремено раѓање. Стапката на преживување кај ваквите случаи низ целиот свет е само 25 отсто.

Според Гинисовата книга на рекорди, рекордот за најмало преживеано предвреме родено бебе во светот му припаѓа на Неш Кин од САД. Тој е роден 19 недели предвреме и тежел само 283 грама. Во јули оваа година, момчето го прослави својот прв роденден.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кичево како пример за соживот и демократска зрелост

Следно

Зеленски: Две лица загинаа во синоќешниот напад, беа употребени повеќе од 650 дронови

Latest from Blog

Петгодишно дете загина, откако врз него падна огромен екран во училиште на Флорида

Несреќата се случи во училиштето „Ривиера“ во Палм Беј. И покрај брзата интервенција на училишниот персонал и службите за итни случаи, момчето им подлегна на повредите во болницата подоцна истиот ден, пишува
Go toTop