Убав гест на учениците од „Димитар Македонски“ во Аеродром – Собираа средства за нивниот соученик, а им се придружи и Муцунски

December 16, 2023
1 min read

На иницијатива на учениците од ООУ „Димитар Македонски“, вчера во ова училиште се одржа хуманитарен и забавен настан за поддршка на Ангел Христовски, кој треба да замине на третман во Кина.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на општината Тимчо Муцунски. 

– Овие денови, особено сум горд на иницијативата на учениците од ООУ „Димитар Македонски“, кои организираа хуманитарен музички и забавен настан посветен на нивниот соученик Ангел Христовски. На настанот кој се одржа во просториите на училиштето, наставниците, учениците и родителите, имаа можност да купат рачни изработки од останатите ученици, да донираат средства во кутиите за донација, како и преку видео-врска да испратат директни пораки за поддршка за нивниот соученик Ангел.Собраните средства од настанот ќе бидат искористени за финансирање на неговиот третман за вродена мускулна дистрофија во Кина, порача Муцунски. 

И градоначалникот и одговорните од ова скопско училиште упатија апел до сите сограѓани кои се во можност да донират на следните броеви:

Телеком: 143-138

А1: 143-401

Жиро сметка: 210700000681076 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина таткото на Кочо Анѓушев

Следно

Прегазена 60-годишна жена на една скопска улица

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop