Уапсени 4 лица за пукањето во Тетово, еден е во бегство

January 12, 2024
1 min read

Еден од двајцата ранети пред тетовската болница е во тешка состојба. И покрај операцијата, неговата состојба не е подобрена, велат од скопската Клиника. Другиот исто така се лекува во Скопје, но тој е стабилен.

Во меѓувреме, полицијата уапси четворица од петте лица вклучени во пукањето кога беа ранети А.М. на 41 година и З.М. (36). Според полицијата, осомничените биле уапсени синоќа пред полноќ. Прво бил уапсен 55 годишен маж. Ш.Е. од Тетово, а подоцна, лицата Р.Т., 35 години, М.Т., 44 години и Н.М. 39 години. Петтиот е сè уште во бегство.

„Се преземаат мерки за наоѓање на уште едно друго лице. Јавниот обвинител и екипа од СВР Тетово извршија темелна истрага на местото на настанот. Се работи на расветлување и документирање на случајот по што против лицата инволвирани во овој случај ќе следат кривични пријави“, велат од СВР Тетово.

Според информациите од тетовската полиција, на престрелката пред Ургентниот центар во Тетово ѝ претходела тепачка меѓу двете групи на пладне пред Судот во Тетово, односно по напуштање на судското рочиште каде воделе спор.

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска го осуди инцидентот и рече дека тој нема никаква врска со болницата.

„Во Тетово, како што знаеме, се работи за две групи со нерешени проблеми, две лица се ранети и испратени во Скопје. Проблемот не е поврзан со тетовската болница. Другиот дел е оставен на надлежните органи, на МВР и обвинителството да го решат случајот“, рече Меџити.

Во моментот на инцидентот наоколу имало и други пациенти и медицински персонал.

Башким Сулејмани

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожар во пензионерски дом во Скопје

Следно

Додик: САД да прифатат дека Република Српска нема да дозволи за нејзината судбина да одлучуваат други

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop