Уапсен возач кој во алкохолизирана состојба извадил нож и се заканувал на полицијата во Струмица

May 7, 2025
1 min read

На 06.05.2025 во 21.30 часот на ул.„Крушевска Република“  во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.А.(41) од Струмица затоа што се обидел да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Тој претходно бил забележан од полициски службеници како со голема брзина и небезбедно управува возило комбе „мерцедес“, а откако бил запрен било констатирано дека возилото го управува со истечена регистрација.

Додека, по извршено алкотестирање било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 0,96 промили алкохол во крвта.

Откако бил известен дека ќе му биде одземено возилото, тој почнал да удира по возилото и од него извадил нож со кој се обидел да ги нападне полициските службеници.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европската Комисија не го запишува Богојески како правен застапник на Еразмус во Македонија: “Сѐ уште го оценуваме назначувањето”

Следно

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Хрватска има разбирање за потребите на Западен Балкан

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop