Уапсен таткото на момчето што пукаше во училиштето на Врачар

May 3, 2023
1 min read

Родителот тврди дека имал неколку оружја и ги чувал заклучени. Тој имал повеќе оружја од 2016 и 2017 година, а сефот имал шифра, изјави српскиот министер за внатрешни работи Братислав Гашиќ

Таткото на Коста К. (14), осомничен дека утринава во ОУ „Владислав Рибникар“ уби осум ученици и еден чувар, денеска е уапсен, соопшти на прес-конференција српскиот министер за внатрешни работи Братислав Гашиќ.

Гашиќ изјави дека двата пиштоли кои биле пронајдени кај момчето имале законски дозволи.

„Родителот тврди дека имал неколку оружја и ги чувал заклучени. Тој имал повеќе оружја од 2016 и 2017 година, а сефот имал шифра. Очигледно е дека детето ја имало шифрата штом успеало да ги земе тие два пиштола и три рамки полни со по 15 куршуми. Според неофицијални информации малолетникот со неговиот татко одел на стрелиште и вежбал пукање“,

рече Гашиќ.

Како што претходно објавија српските медиуми, таткото на момчето што пукаше бил познат радиолог и бил љубител на оружје.

Началникот на полицијата во Белград, Веселин Милиќ, соопшти детали за денешното пукање. Тој рече дека утрово околу 8:40 прва во полиција се јавила заменик-директорката Иванка Јовановиќ и рекла дека ученик влегол со огнено оружје и пука по случаен избор. Полициски патроли веднаш се упатиле на терен. Две минути подоцна, откако пукало, се јавило и момче кое се претставило како Коста Кецмановиќ, а тој подоцна беше идентификуван како напаѓачот од училиштето.

Поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голема полициска акција во Скопје – Запленети 150 килограми дрога вредна 400.000 евра

Следно

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години поразена од Црна Гора

Latest from Blog

Славен пејач падна од бината среде настап- го поддржа Џенифер Лопез (ВИДЕО)

Инцидентот се случи само два месеци пред неговиот долгоочекуван и контроверзен настап на полувремето на Супербоул. Несреќа среде настапот Раперот, чие вистинско име е Бенито Окасио (31), бил среде изведувањето на својот

Омерагиќ најавува предлог за нов селектор до 25 декември

Како Комисија за избор на нов селектор на македонската А репрезентација, денеска имавме конструктивен состанок, изјави Масар Омерагиќ, претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). На состанокот беа разменети размислувања за профилот
Go toTop