Уапсен шефот на најмоќната и најбогатата италијанска мафија, пет години беше во бегство

April 28, 2023
1 min read

Бонавота се смета за мозок на кланот Бонавота на Ндрангета, кој ги вклучува неговите двајца браќа. Нивното „седиште“ се наоѓа во областа Сант Онофрио во калабриската провинција Вибо Валентиа. Кланот оперира и околу Рим и во северните региони Пиемонт и Лигурија, која ја опфаќа Џенова, пишува Си-би-ес

Пo речиси пет години во бегство, вчераутро во Италија беше уапсен Пасквале Бонавота (49), шеф на мафијата „Ндрангета“. Станува збор за човек кој бил вклучен во полициската листа на најопасни криминалци, пишува Си-би-ес.

Бонавота се бараше од ноември 2018 година, откако избегна налог за апсење за убиство и врски со мафијата, издаден од судија во Калабрија, јужна Италија. Тој е уапсен во северниот пристанишен град Џенова, соопшти италијанската полиција.

Локалните медиуми наведуваат дека мафијашот бил уапсен кога излегувал од градската катедрала и дека со себе имал лажна лична карта.

Бонавота се смета за мозок на кланот Бонавота на Ндрангета, кој ги вклучува неговите двајца браќа. Нивното „седиште“ се наоѓа во областа Сант Онофрио во калабриската провинција Вибо Валентиа. Кланот оперира и околу Рим и во северните региони Пиемонт и Лигурија, која ја опфаќа Џенова, пишува Си-би-ес.

Ндрангета е најмоќната и најбогатата италијанска мафија која го контролира најголемиот дел од кокаинот што се влева во Европа и оперира во повеќе од 40 земји ширум светот. Овој клан, не само што е вклучен во доменот на трговија со дрога и лихварство, туку користи и фиктивни компании како покритие за реинвестирање на нелегалниот профит во легитимен бизнис.

Бонавота избега веднаш откако понискиот суд го осуди на доживотен затвор за две убиства извршени во 2014 и 2004 година. Тој беше осуден за убиство на понизок член на неговиот клан и шеф на ривалски клан. Додека тој беше во бегство, таа казна беше поништена од апелациониот суд во 2021 година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милан ја пронајде замената за Златан Ибрахимовиќ

Следно

Белата куќа ги повика Американците да го напуштат Судан за 24 до 48 часа

Latest from Blog

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,
Go toTop