Уапсен Раде Трајковски – Штекли, се сомничи за трговија со дрога

January 18, 2025
1 min read

Македонската полиција денеска го уапси Раде Трајковски-Штекли по Наредба на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираат од МВР.

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата за апсењето на Штекли. Тој се сомничи за трговија со дрога. Предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства. МВР и Бирото за јавна безбедност се во потрага и апсење на целата негова група.

Во 2024-та година имаше три обиди за убиство на Раде Трајковски – Штекли во скопскиот трговски центар „Ист Гејт“ и неговата семејна куќа, кој според дел од медиумите се смета за близок до картелот „Беланоца“. Пред два месеци се случи експлозија во домот на Штекли во Ќерамидница, кога тој беше полесно повреден, а тоа беше трет пат тој да биде мета на напад.

Пред повеќе од една година Трајковски беше нападнат во „Ист гејт“ и беше сериозно повреден, а рането беше уште едно лице, пријател на Штекли. Во нив пукаше лице со бел дуксер и бејзбол капа кого го имаа снимено безбедносните камери на трговскиот центар. Лицето седеше во обложувалница, а потоа се упати до елеваторот и пукаше кон двајцата додека се симнуваа.

Два месеца претходно Штекли исто беше мета на напад во гаражата ан „Ист гејт“, но тогаш остана неповреден делумно и поради тоа што се возел во блиндирано возило.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган рече дека Туркије нема да толерира тероризам во Сирија

Следно

„Тик-ток “ се гасне во САД, психолозите порачуваат: Внимавајте на децата

Latest from Blog

Николоски: Се гради првото туристичко езеро на истокот – Отиња веќе 70% готова (ВИДЕО)

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски објави дека изградбата на браната Отиња е реализирана во 70 проценти, што претставува значаен чекор кон создавање на првото туристичко вештачко езеро во

Аврамовски: „Судењето за Кочани станува неефикасно поради законските измени“

Извршниот директор на Коалицијата „Сите за правично судење“, Дарко Аврамовски, во интервју за РСЕ, оценува дека случајот со трагедијата во Кочани е „колатерална штета“ од измените на Кривичниот законик. Тој посочува дека

Маглешов: Две теории за ист случај од едно Обвинителство, време е за навремена ревизија

Единственото Јавно обвинителство во државата, како самостоен орган, излегува со две потполно различни правни теории за одговорноста во истиот случај. Ова го истакнува новинарот на Призма (БИРН), Васко Маглешов, предупредувајќи на сериозни
Go toTop