Уапсен поранешен шеф на службата за разузнавање, обвинет за стотици убиства за време на владеењето на Хафез ал Асад

March 6, 2025
1 min read

Сириските безбедносни сили денеска го приведоа поранешниот шеф на службата за разузнавање, обвинет за извршување на стотици егзекуции за време на поранешниот режим на Хафез ал Асад, пренесува Анадолу.

„По внимателно следење и истрага, нашите сили во градот Џабле успешно го приведоа генералот Ибрахим Хувеја, поранешен шеф на сириската Генерална разузнавачка служба, кој е обвинет за стотици атентати за време на владеењето на Хафез ал Асад, вклучително и за надгледување на атентатот на Камал Џамблат“, објави сириската новинска агенција САНА.

Џамблат беше истакнат либански политичар, познат по основањето на Прогресивната социјалистичка партија и залагањето за демократија и арапски национализам. Џамблат беше убиен во 1977 година.

Од падот на режимот на Башар ал Асад во декември минатата година, воените власти на Сирија отворија центри за помирување за лицата лојални на поранешниот режим, за да го предадат своето оружје. Сепак, некои фракции одбија да се покорат, што доведе до конфликти во повеќе провинции.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лидерите на ЕУ на денешниот Самит не постигнаа консензус за заклучоците за Украина

Следно

Тенисерките ќе добиваат платено породилно отсуство

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop