Уапсен маж во Грција кој злоупотребувал и малтретирал лица со инвалидитети и пренесувал во живо на интернет

February 7, 2024
1 min read

Грчката полиција уапсила 35-годишен маж, кој злоупотребувал и малтретирал лица со инвалидитети и попреченост и сето тоа го пренесувал во живо на социјална мрежа, додека пак гледачите од него барале да врши конкретни дела како физички повреди, сексуални дејства и слично насилство за што плаќале одреден износ, јави дописничката на МИА од Атина.

Според медиумите во Грција, станува збор за познат грчки јутјубер, кој ја користел платформата Тик Ток.

Од грчката полиција соопштија дека уапсениот најмалку од јануари 2023 година, под псевдоним користел профил на социјална мрежа на која во живо емитувал навредливи однесувања кон лица со ментална попреченост и од тоа се стекнал со незаконска финансиска корист.

– Поконкретно овие дела се состоеле од постојана злоупотреба, физичко повредување и сексуални дејствија, кои ги барале гледачите кои гледале пренос во живо, плаќајќи соодветен износ на пари, соопштија од грчката полиција.

Уапсен бил вчера во неговиот дом во Атина, бидејќи во раните утрински часови во живо злоупотребувал две лица, а се товари за трговија со луѓе и физичко повредување на изнемоштени лица, кривично дело со расистички карактеристики поради инвалидитет.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гир: Загрижува слабата имплементација на препораките на ДКСК

Следно

Израелски медиуми: Нетанјаху се согласил за прекин на огнот без консултирање со Воениот кабинет

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.
Go toTop