Уапсен маж кој со автомобил повеќепати удрил во синагога во Њујорк

January 29, 2026
1 min read

Полицијата на Њујорк денеска соопшти дека маж во текот на изминатата ноќ со автомобил намерно двапати удрил во синагога, односно во седиштето на еврејското хасидско движење Хабад Лубавич во Бруклин, како и дека во инцидентот, кој се истражува како можен злостор од омраза, немало повредени.

Комесарката на њујоршката полиција Џесика Тиш на прес-конференција рече дека инцидентот се случил нешто пред 21 часот по локално време, кога полицајците кои биле распоредени пред седиштето на Хабад „слушнале врева на главниот влез во зградата“, пренесува Си-Би-Ес Њуз.

Тиш рече дека полицајците го виделе возачот како удира во задната врата на зградата, се враќа наназад со своето возило, а потоа повторно удира во задната врата.

Таа наведе дека, како мерка на претпазливост, њујоршката полиција ќе ја зголеми безбедноста околу еврејските верски објекти.

Полицијата соопшти дека возачот е уапсен и сместен во притвор, а претставник на Хабад кажа дека синагогата е евакуирана од претпазливост.

Њујоршката полиција го пребарала возилото, и во него не била пронајдена експлозивна направа, а инцидентот го истражува Работната група за злосторства од омраза на њујоршката полиција.

Во соопштението, движењето Хабад Лубавич наведе дека „автомобилот удрил во споредниот влез“ на зградата која „опфаќа една од најважните синагоги во светот“, како и дека „судејќи според видео-снимките и сведочењата, се чини дека тоа било намерно“. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владо Милев е нов одбојкар на унгарска Казинбарчика

Следно

Полицијата и армијата на Венецуела се заколнаа на „беспрекорна лојалност и подреденост“ на претседателката Родригез

Latest from Blog

Со многубројна публика и одлична атмосфера заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

Со многубројна публика, музика, танц и содржини за сите генерации заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“. Во текот на петокот и саботата, паркот беше исполнет со посетители кои дојдоа да

Партијата на Путин убедливо победи на изборите на руската Државна дума

Според првичните резултати, владејачката „Единствена Русија“ освои најмногу гласови, додека втора беше Комунистичката партија на Русија. „Единствена Русија“ освои 57,54 отсто од гласовите според првите обработени податоци, соопшти Централната изборна комисија на
Go toTop