Уапсен малолетник кој се заканувал со масовни убиства во училиште

March 18, 2024
1 min read

Црногорската полиција уапсила 17-годишен тинејџер кој на адресата на средното електротехничко училиште во Подгорица испратил мејл со закана за повеќекратни убиства.

Полицијата извршила претрес во неговиот стан, каде биле пронајдени 20 оружја „ерсофт“. По наредба на државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Подгорица, малолетникот е лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело предизвикување паника и неред.

Се сомнева дека малолетникот испратил заканувачки мејл на адресата на училиштето на 15 март, односно во петокот.

По наредба на надлежен суд, полицијата извршила претрес во станот и другите простории што ги користел овој малолетник, при што во таа прилика биле пронајдени 20 парчиња оружје „ерсофт“ (реплики на оригиналното оружје), од кои две се предмет на кривично дело. Од малолетникот биле одземени и компјутер и мобилен телефон.

Службеници на Полициската управа ќе поднесат прекршочна пријава за занемарување на дете против А.С, татко на осомничениот малолетник, поради паника и неред што го предизвикал малолетникот со испраќање заканувачки мејлови.

-Имајќи ги предвид континуираните настани, во кои мета на сајбер активности беа, меѓу другото, образовните институции, ја информираме јавноста дека службениците на Полициската управа континуирано ќе ја продолжат истрагата за овие криминални активности со посебен фокус и внимание, преку расположливите капацитети, со цел заштита на општествената заедница, соопшти црногорската полиција.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новите предизвици за Русија и светот во петтиот мандат на Путин

Следно

Прелиминарни резултати: Владимир Путин доби 87,29 отсто од гласовите на претседателските избори во Русија

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop