Уапсен колумбиски државјанин, се обидел да шверцува дрога под перика

February 25, 2025
1 min read

КАРТАГЕНА (АА) – Колумбиската полиција успеа да спречи шверц на дрога во еден од досегашните „најкреативни“ обиди. Станува збор за лице што скрило дрога под периката и имало намера да лета од Колумбија до Холандија, јавува Анадолу.

Настанот се случил на 20 февруари кога колумбиски државјанин бил фатен во обид да шверцува дрога на лет од Картагена до Амстердам.

Полицијата го уапсила осомничениот и му го предала на Јавното обвинителство под обвинение за трговија, производство и поседување наркотици.

Полициските служби објавија дека во периката имало 19 капсули со кокаин во вредност од над 10.000 евра.

Полициските сили и граничните власти често се соочуваат со невообичаени ситуации бидејќи шверцерите на дрога постојано „иновираат“ во обид да најдат нови методи за шверц на дрога и да бидат чекор пред полициските сили.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба на Муртезани со данската амбасадорка Кардел

Следно

MИT во Сирија го фати Темир Дуканџи, еден од извршителите на терористичкиот напад во Рејханли

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop