Уапсен 27-годишник поради убиство на 76-годишен сограѓанин

December 6, 2023
1 min read

реклама


На 05.12.2023 од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, во содејство со СВР Куманово – ОВР Крива Паланка, лишен е од слобода С.Д.(27) од   Крива Паланка. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „убиство“ врз М.Д.(76) од Крива Паланка, предвидено и казниво по чл.123 од Кривичниот законик.

Имено, на 21.11.2023, по извршена обдукција на телото на М.Д., кој бил пронајден починат во својот дом на 20.11.2023, во Институт за судска медицина и криминалистика Скопје било констатирано дека станува збор за насилна смрт, по што веднаш се преземени комплексни оперативно-тактички мерки и активности за расчистување на случајот. Притоа, извршени се претреси во дом и други простории, разговори со повеќе лица, обезбедени се материјални докази, а осомничениот е пронајден и приведен во полициска станица, каде во службен разговор тој во целост го појаснил извршеното тешко кривично дело.

реклама

За случајот сочинета е кривична пријава по брза постапка, која е доставена до ОЈО Куманово и С.Д. е изведен пред Основен суд Куманово.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел приведе уште 60 Палестинци на Западниот Брег поради тензиите

Следно

Пенов: Финансиравме 135 проекти во општините и во планските региони, во вредност од 850 милиони денари и 192 проекти од ИПА2 Програмата на ЕУ, кофинансирани од буџетот на државата

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,
Go toTop