Тврдат дека не се почитува колективниот договор – постојат шанси учебната година да започне со штрајк

August 27, 2023
1 min read

реклама



Постои голема можност, новата учебна година да започне со штрајк. Претседателот на Независниот синдикат за образование и наука, Томислав Гиевски во интервју за Радио Слободна Европа тврди дека не се почитува колективниот договор. Главните причини се ниските плати, но и најавените промени кои како што велат се против законот.

„Апсолутно станува збор за огромно незадоволство коешто преовладува во основните и средни училишта, како резултат на понудените ниски 10 проценти од страна на Владата преку општиот колективен договор. Постојат огромни шанси учебната година да започне со штрајк, ние како Независен синдикат за образование и наука активно работиме на окрупнување на силата со цел да можеме да го реализираме тој процес. Се разбира, доколку и побројниот синдикат го искористи тоа право, ние сме тука да се солидаризираме“, вели Томислав Гиевски.

реклама

Гиевски вели дека револтот потекнува од најавените промени во секторот образование коишто не се совпаѓаат со законите. Револтот исто така е поради ниската потпросечна плата, а најголем е револтот на просветните работници поради непочитувањето на колективните договори.

„За да биде запознаена јавноста поубаво, методологијата за пресметка на плата за вработените во секторот образование се состои од коефициент помножено со најниската плата за најнизок степен на сложеност во државата. Кај нас во секторот образование се користи најниска плата којашто е за висок процент пониска од минималната плата на државно ниво. На тој начин грубо се крши законот, незаконски се намалува платата на просветните работници и се создава ситуација просветните работници да бидат потпросечно платени“, додаде Томислав Гиевски.

реклама

Тој вели во моментов наставник, стручен соработник во основно образование, добива 29.200, а просечната плата според Државниот завод за статистика е 35.500 денари. Гиевски вели доколку се спроведе во целост колективниот договор, онака како што пишува во него, почетната плата на просветните работници би била два ипол пати поголема од мининалната плата.

Што се однесува до учебниците и најавата дека учебната година ќе почне без учебници за трето и шесто одделение, Гиевски вели дека најголемата штета ја трпат учениците, но и наставниците. Вели дека работата како наставници им е отежната, но додава дека ќе се снајдат, сепак потенцира дека со учебници наставата е далеку поквалитетна.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во лукративниот свет на факт-чекерите

Следно

ПСЖ сака да го комплетира трансферот на Коло-Муани во наредните денови

Latest from Blog

Мерц со предупредување: Веќе не постои светскиот поредок заснован на право и правила

Тој на отворањето на Минхенската безбедносна конференција рече дека Конференцијата отсекогаш била „сеизмограф на политичката ситуација“ и додаде дека во последните години сме сведоци на зголемени тензии и конфликти во светот, вклучително

Петрушевски: Договорот со САД за реципрочна трговија ја подобрува економијата на државата и ја унапредува нашата меѓународна позиција

„Многу голем успех на нашата Влада и дипломатија пред се. После оној стратешки договор што го потпишавме со Обединетото Кралство, ова е втор сериозен договор на повидок којшто огромен бенефит ќе има

Следниот круг преговори за војната во Украина ќе се одржи на 17 и 18 февруари во Женева

Во меѓувреме, советникот на украинскиот претседател за комуникации, Дмитро Литвин, изјави дека следниот круг преговори со Русија и САД ќе се одржат на 17 и 18 февруари во Женева. Преговорите во Женева
Go toTop