Твитер се заканува со правна постапка против „Мета“ поради апликацијата Тредс

July 7, 2023
1 min read

Твитер има намера строго да ги спроведе своите права на интелектуална сопственост и бара „Мета“ да преземе итни чекори за да престане да користи какви било трговски тајни на Твитер или други многу доверливи информации, се вели во писмото упатено до извршниот директор на „Мета“

Твитер се закани дека ќе поведе правна постапка против корпорацијата „Мета“ поради нејзината нова апликација наречена Тредс (Threads), пренесува Би-би-си.

Новата апликација Тредс беше лансирана вчера и веднаш собра повеќе од 30 милиони корисници. Тредс многу наликува на Твитер, а од шефовите на „Мета“ беше претставена како пријателска алтернатива.

Во писмото упатено до извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, адвокатот кој го застапува Твитер, Алекс Спајро, ја обвинува компанијата за „систематско, намерно и незаконско присвојување на трговските тајни на Твитер и другата интелектуална сопственост“, најмувајќи поранешни вработени на Твитер заради развој на апликација со исти намени.

„Мета“, се вели во писмото од Спајро, вработиле десетици поранешни вработени на Твитер што „имале и имаат пристап до трговските тајни на Твитер и другите високо доверливи информации“ кои на крајот ѝ помогнале на „Мета“ да ја развие онаа Тредс.

„Твитер има намера строго да ги спроведе своите права на интелектуална сопственост и бара ‘Мета’ да преземе итни чекори за да престане да користи какви било трговски тајни на Твитер или други многу доверливи информации“,

се вели во писмото.

Но, од компанијата „Мета“ ги негираат ваквите тврдења, а портпаролот Енди Стоун вели дека „никој од тимот што го разви ‘Тредс’ не е поранешен вработен во Твитер“.

Од објавувањето во средата навечер, Тредс регистрира десетици милиони кориснички најавувања. Апликацијата доаѓа во време кога многу корисници на Твитер бараат алтернатива за да се ослободат од влијанието на Илон Маск врз платформата, што тој ја купи лани за 44 милијарди долари.

„Тредс“ е достапна во над 100 земји, но засега, не и во Европската Унија, каде што важат строги правила за приватност. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По трагедијата при посетата на „Титаник“: Компанијата „Оушн гејт“ ги прекина сите истражувачки и комерцијални операции

Следно

Уште од сега се откажаа од наоѓање на сопственикот на кокаинот од Белата куќа

Latest from Blog

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот
Go toTop