Турците протерани од Црна Гора, СЕ СПОМНУВА И КОСОВСКАТА БИТКА

October 27, 2025
1 min read

Во напад со нож во населбата Забјело во Подгорица, еден млад човек, М. Ј., беше повреден, а еден турски државјанин и еден Азербејџанец беа уапсени како резултат на инцидентот.

По синоќешниот напад, осомничените се забарикадираа во казино, додека лута група граѓани извикуваа навреди кон Турците.

Полицијата мораше да реагира за да ги смири страстите, а потоа започна рации и апсења на турски државјани. Утрово беше уништен излогот на еден турски ресторан, а еден автомобил беше запален. Полицијата приведе 45 турски државјани за документи и работни дозволи, а осум беа депортирани.

Синоќа, премиерот Милојко Спајиќ објави на платформата X дека Владата ќе донесе одлука за привремено укинување на безвизниот режим со Турција по итна постапка.

Со цел да се зачува економската активност и добрите билатерални односи, во наредниот период ќе започнеме интензивни разговори со Република Турција со цел, во духот на добрата соработка и сојузништвото, да го пронајдеме најдобриот модел во заеднички интерес – напиша премиерот.

Турските медиуми известија и за низа инциденти во Подгорица, а гневот кај Турците особено го предизвика фотографијата од апсењето и претресот на турските граѓани, кои полицијата ги принуди да стојат со рацете потпрени на ѕидот и со главите спуштени.

Коментарите во турските медиуми се различни – повеќето се закануваат и гледаат заговор во сè, додека помал број коментатори ја разбираат острата реакција на Црна Гора и населението.

Црногорската влада ќе ја плати цената за нападот врз турските продавници поради злосторствата извршени од две лица. Има многу Црногорци тука (во Турција) – напиша еден коментатор.

Други го привлекоа вниманието на фактот дека „некој се обидува да го уништи имиџот на Турција на Балканот“, но најинтересниот потсети на Битката на Косово.

Внуците на оние кои брутално го избодоа Мурат  повторно се во офанзива – напиша еден коментатор на турскиот портал Хаберлер.

Министерството за надворешни работи во Анкара издаде следно соопштение:

– Минатиот викенд, во Црна Гора се случија некои тажни настани што ги погодија нашите граѓани. Веднаш по почетокот на настанот, воспоставен е контакт со црногорските власти и преземени се потребни мерки за обезбедување на безбедноста на нашите граѓани. Сите аспекти од развојот на настаните се внимателно следени, а контактот и координацијата со црногорските власти продолжуваат без прекин.

– Министерот за надворешни работи Хакан Фидан оствари телефонски разговори со црногорскиот премиер Спајиќ и црногорскиот министер за надворешни работи Ибрахимовиќ. За време на состанокот, се разговараше за безбедноста на турските граѓани и заштитата на нивните права во земјата. Црногорските власти наводно дале гаранции за ова прашање.

Девојката на избодениот млад човек раскажува

– Турците минувале, првата група од тројца луѓе, а втората зад нив. Тие пееле и фрлале нешто, и прашале дали има проблем. Моето момче станало и прашало што е тоа и дали има проблем, а тие рекле „има“. Веднаш извадиле ножеви и го нападнале. Фала му на Бога што не се повредени витални органи, но многу крварел и има повреда на главата – рекла девојката.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Додека на “Бернабеу“ се скандираше “Барса е КУ*ВА“, еве како реагираше младата ѕвезда на Реал!(ФОТО)

Следно

Со ДНК на трите бебиња УТВРДИЛЕ ДЕКА СЕ СЛУЧАЈ ЕДЕН ВО 200 НИЛИОНИ

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop