Турција најостро го отфрли повикот на израелските претставници за анексија на Западниот Брег

July 3, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турција денес ги отфрли „на најостар начин“ изјавите на израелските политичари и министри од Кабинетот што повикуваат на анексија на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.

Ваквите изјави се јасен показател за политиките на Израел за населување што го кршат меѓународното право, како и за неговите напори да ја направат окупацијата трајна, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Овие неодговорни повици за анексија, кои особено доаѓаат во период кога се во тек иницијативите за прекин на огнот, ги игнорираат принципите за решение што меѓународната заедница ги презема со години, соопшти Министерството.

Јасно е дека систематските интервенции на палестинските територии и практиките насочени кон раселување на палестинскиот народ дополнително ја продлабочија фрагилноста на регионот, нагласи Министерството.

Поради тоа е повторен повикот на Турција за признавање на легитимните права на палестинскиот народ и воспоставување независна палестинска држава со Источен Ерусалим (Источен Кудс) како главен град, со цел да се воспостават траен мир, меѓусебна доверба и стабилност на Блискиот Исток.

Четиринаесет министри на Кабинетот од партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера го повикаа премиерот веднаш да го анектира окупираниот Западен Брег.

Во писмо упатено до Нетанјаху, кое на X го сподели министерот за финансии од крајната десница, Безалел Смотрих, потписниците бараат Владата „да примени суверенитет над Јудеја и Самарија (Западниот Брег) пред крајот на летната сесија на Кнесетот (Парламентот)“, која треба да заврши на 27 јули.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вознемирувачко ВИДЕО од местото каде што загина Диого Жота: Погледнете што останало од автомобилот

Следно

Една година Министерство за дигитална транформација

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март
Go toTop