Турција ја затвори границата со Сирија

July 2, 2024
1 min read

Турција денеска го затвори главниот граничен премин кон североисточна Сирија, откако турски војници беа нападнати од Сиријци лути поради насилството врз нивните сонародници во Турција.

Насилството врз Сиријците во Турција почна во неделата вечерта откако на социјалните мрежи беше објавено дека во Кајсери, централна Турција, Сириец злоупотребувал роднина. Полицијата го истражува случајот.

Во Кајсери уништени се сириски имоти, куќи и возила. Насилството се прошири во провинциите Хатај, Газиантеп, Коња, Бурса и во Истанбул. На социјалните мрежи беше објавено дека има повредени Сиријци.

– Турската полиција уапси 474 лица вклучени во синоќешните нападите врз сириската заедница ширум земјата, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Поради насилствата во Турција стотици Сиријци синоќа излегоа на улиците во неколку градови во северозападна Сирија, кои се под контрола на бунтовниците, област каде Турција има распоредено илјадници војници. Тие се судрија со турските војници. Сирискиот пограничен град Африн беше место на најжестоките судири, каде загинаа најмалку четири лица. Цивилите фрлаа камења врз турските конвои во неколку градови и го тргнаа турското знаме од некои канцеларии. Неколку турски официјални лица ги опишаа немирите во Сирија како „провокации“.

Анкара синоќа поради немирите во северозападна Сирија го затвори граничниот премин Баб ал Хава, главна трговска и патничка рута за повеќе од три милиони жители, како и Баб ал Салам и други помали премини.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган за нападите врз Сиријците ја обвини опозицијата, истакнувајќи оти шири расизам во земја во која се сместени над три милиони бегалци од Сирија

– Ништо не може да се постигне со поттикнување ксенофобија или омраза кон бегалците, наведе Ердоган.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хезоња уште пет години во Реал Мадрид

Следно

Ристова-Јорданова за „24 Анализа: Радев и Мицотакис ја користат својата позиција за да ја уплашат новата влада во Македонија

Latest from Blog

Тоневски: Почна обновата на улицата „Ленинов плоштад“ во Пробиштип

Во централното градско подрачје на Пробиштип во тек се активности за реконструкција на улицата „Ленинов плоштад“, информираше градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Во моментов се работи на отстранување на постојните бетонски

ПАДНА ПРВАТА ОСТАВКА – ШЕСТ ЧЛЕНОВИ НА ВЛАДАТА се свртеа против Стармер

Владата на британскиот премиер Кир Стармер се соочува со сериозна криза откако министерката за станбени прашања, заедници и локална самоуправа, Миата Фанбуле, поднесе оставка во вторникот. Овој потег доаѓа како директна последица

ЈКП „Комуналец“ го засилува темпото: Продолжуваат активностите за косење и уредување низ градот

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп информира дека привршува косењето на зелените површини во делот на Градска Река, а од утре започнува и второто косење на Новите градски гробишта со дополнително ангажирана екипа косачи.

Интензивно се уредуваат зелените површини во Прилеп

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп информира дека привршува косењето на зелените површини во Градската река, а од утре со дополнителна екипа косачи започнува и второто косење на Новите градски гробишта. Од претпријатието посочуваат
Go toTop