Турција и Романија победници на Балканијадата во одбојка на песок во Тетово

June 28, 2025
1 min read

Со финалните дуели во машка и женска конкуренција вчера во Тетово заврши тридневното Балканското првенство во одбојка на песок до 22 години што се играше од 25 до 27 јуни на игралиште оформено на градскиот плоштад.

Во женска конкуренција победи екипата на Романија, додека втори беа одбојкарките од Турција, а третата позиција го освои Молдавија. Кај мажите најдобри беа Турција 1, додека втората турска екипа ја освои втората позиција. Трети беа одбојкарите од Молдавија.

– Овие три ноќи беа едни од најубавите во Тетово. Благодарност до Одбојкарската федерација на Македонија, честитки на победничките екипи, за другите благодарност за учеството. Се надеваме дека следната година ќе имаме уште вакви настани, истакна градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на затворањето на Балканското првенство.

На ова првенство учествуваа вкупно 15 екипи од шест држави. Покрај македонската репрезентација учествуваа уште одбојкари и одбојкарки од Албанија, Косово, Турција, Романија и Молдавија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полскиот претседател во заминување во ненајавена посета на Украина

Следно

Димитриевски: До средината на јули ЗНАМ ќе ги обелодени кандидатите за градоначалници, поддршка за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ каде нема да имаме свој кандидат

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop