Турскотo МНР упати остра реакција кон Израел за нападот врз бродот „Мадлин“

June 9, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерството за надворешни работи на Турција објави дека нападот врз бродот „Мадлин“, кој тргна да достави хуманитарна помош во Газа, уште еднаш докажал дека Израел е „терористичка држава“, известува Анадолу.

Во писменото соопштение на турското МНР се вели:

„Интервенцијата на израелските сили врз бродот „Мадлин“ додека пловеше во меѓународни води, а тргна да достави хуманитарна помош во Газа, во кој се наоѓаа и наши државјани, е јасно кршење на меѓународното право“.

„Овој гнасен напад од страна на Владата на (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху, кој ја загрозува слободата на пловидбата и поморската безбедност, уште еднаш докажа дека Израел е терористичка држава“, се вели во соопштението, нагласувајќи дека ќе продолжи оправданата реакција на меѓународната заедница на геноцидните политики на Израел, кој го користи гладот ​​како оружје во Газа, спречувајќи го доставувањето хуманитарна помош.

Во соопштението се истакнува дека агресивниот и беззаконски став на Израел нема да ги замолчи гласовите што ги бранат човечките вредности.

– Интервенција врз бродот „Мадлин“

Како дел од најновата мисија организирана од невладината организација „Коалиција на флотилата на слободата“ за пробивање на блокадата во Газа и доставување помош во регионот, 18-метарскиот брод „Мадлин“ на 1 јуни тргна кон Газа од пристаништето „Сан Џовани Ли Кути“ во Катанија, Италија.

Коалицијата на флотилата на слободата во објава на својот профил на платформата Телеграм објавена во доцните вечерни часови, наведе дека израелската Армија интервенирала врз бродот „Мадлин“, информирајќи:

„Контактот со ‘Мадлин’ е прекинат. Израелската Армија се качи на бродот. Волонтерите на бродот „Мадлин“ се киднапирани од израелската Армија.“

На бродот се наоѓаа 12 активисти, францускиот пратеник во Европскиот парламент (ЕП) Рима Хасан, германската државјанка Јасемин Аџар, Хусеин Шуајб Орду од Турција, Тијаго Авила од Бразил, Серхио Торибио од Шпанија, Марко ван Рен од Холандија, Баптист Андре, Рева Вијард, Паскал Мауриерас и Јанис Мхамди од Франција, шведската активистка за клима Грета Тунберг и новинарот Омар Фајад.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хамас: Израелското пресретнување на хуманитарниот брод за Газа е „државен тероризам“

Следно

Обвинителството во завршен збор за убиството на Вања и Панче: Овие злосторства заслужуваат правна, но и длабока морална осуда

Latest from Blog

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на

Под истрага е директорот на Светскиот економски форум поради поврзаност со педофилот Епштајн

Организаторот на самитот во Давос, со седиште во Женева, изјави дека ги испитува информациите од Министерството за правда на САД кои покажуваат дека Бренде имал три деловни вечери со Епштајн и комуницирал
Go toTop