Tурското МНР со реакција по повикот на израелски министер за изградба синагога во џамијата Ал Акса

August 28, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Министерството за надворешни работи (МНР) на Туркије соопшти дека изјавата на екстремно десничарскиот министер за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир, во врска со изградбата на синагога во џамијата Ал Акса е нов знак за напорите на Израел да го промени статусот и идентитетот на светите места во Ерусалим (Кудс) и статусот и идентитетот на Ерусалим, што претставува исклучително опасен пример, известува Анадолу.

Турското МНР објави писмено соопштение по изјавата на екстремно десничарскиот министер за национална безбедност на Израел Гвир за изградба на синагога во џамијата Ал Акса.

„Изјавите на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир во врска со изградбата на синагога во џамијата Ал Акса е нов и исклучително опасен пример за напорите на Израел да го смени статусот на Ерусалим и идентитетот на светите места во Ерусалим“, се вели во соопштението.

Истакнувајќи дека овие изјави предизвикале бес во исламскиот свет и загриженост кај сите со здрав разум, во соопштението се додаде:

„Провокациите насочени кон џамијата Ал Акса, која е свето место исклучиво за муслиманите, ги навредуваат чувствата на муслиманите низ целиот свет и предизвикуваат тензии“.

Нагласувајќи дека тековните напади на израелската влада против палестинскиот народ секој ден сѐ повеќе ја загрозуваат регионалната и глобалната стабилност, во соопштението на турското МНР се вели:

„Време е меѓународната заедница да преземе акција за да се запре израелската агресија и да се обезбеди заштита на палестинскиот народ“.

– Екстремниот десничар Бен-Гвир рече дека сака да изгради синагога во џамијата Ал Акса

Зборувајќи за израелското армиско радио, Бен-Гвир рече дека сегашната политика им дозволува на Евреите да ги извршуваат верските обреди во џамијата Ал Акса. На прашањето „Дали би изградиле синагога во џамијата Ал Акса?“ Бен-Гвир одговорил „Да“.

Канцеларијата за медиуми на израелскиот премиер објави писмено соопштение по изјавите на Бен-Гвир, тврди дека состојбата статус квото во џамијата Ал Акса не е сменета.

Изјавите на Бен-Гвир и понатаму предизвикаат реакции од многу лидери на држави и меѓународни организации.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Тешка повреда на фудбалерот на Барселона, сезоната за него е завршена

Следно

Најниска температура измерена во Лазарополе, највисока во Скопје-Зајчев Рид

Latest from Blog

Расел Кроу откри зошто никогаш нема да се ожени за 28 години помладата партнерка (ВИДЕО)

Во отворен разговор за емисијата 60 минути, актерот откри дека нема планови да се ожени со неговата партнерка– ниту сега, ниту во иднина. „Зошто да ја расипам среќата со брак?“ Кога водителот

Отишол во болница со страшни болки- докторите се шокирале кога виделе што има во телото

Необичната приказна се случила на 19 октомври, откако неименуван 48-годишен менаџер со големи болки бил итно однесен во медицинска установа. Тој призна сè Според извештаите на докторите, човекот признал дека самиот го

Вучиќ: БРКАМЕ ДВАЈЦА СНАЈПЕРИСТИ ЗА КОИ ЗНАЕМЕ ДЕКА СЕ ВО БЕЛГРАД, знаеме зошто и кој ги плаќа

Гостувајќи во емисијата „Чирилица“ на ТВ Прва, Александар Вучиќ објави дека од безбедносните служби дознал дека во Белград моментално има двајца снајперисти, на чие апсење службите моментално работат. „Во моментов бркаме двајца

Израел се движи кон смртна казна за тероризам

Комитетот за национална безбедност на израелскиот парламент во понеделник гласаше за закон со кој се воведува смртна казна за сторители на „терористички напади“, мерка предложена од крајно десничарската партија на министерот за
Go toTop