Турското МНР ја осуди израелската забрана за активностите на УНРВА во Палестина

January 30, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерството за надворешни работи на Туркије ја осуди одлуката на Израел да ги забрани активностите на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) на окупираните палестински територии, известува Анадолу.

Турското МНР објави писмено соопштение во кое нагласи дека одлуката на Израел да ги забрани активностите на УНРВА на окупираните палестински територии претставува јасно кршење на меѓународното право.

Во соопштението се вели:

„Го осудуваме овој чекор, кој претставува нова фаза на израелската окупациска и анекциска политика насочена кон присилно раселување на Палестинците од нивните земји. Исто така, јасно е дека со оваа одлука Израел има за цел да го елиминира правото на враќање на палестинските бегалци.“

Наведувајќи дека УНРВА, која е формирана од Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во 1949 година и ги продолжува своите активности со силна поддршка на земјите членки на ОН, обезбедува хуманитарна помош и основни услуги за милиони Палестинци во најтешки услови, во соопштението се истакнува:

„Во овој критичен период ја повикуваме меѓународната заедница да ја поддржи УНРВА и да ги преземе неопходните чекори за регионален мир. Туркије ќе продолжи да ја поддржува УНРВА и одлучно да ги брани правата на палестинскиот народ.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ендрик ќе биде жртва на „пеколниот план“ на Реал Мадрид

Следно

Жестока расправа денеска во Собранието на седницата за пратенички прашања

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop