Турското Министерство за одбрана вети дека ќе продолжи со напорите за борба против тероризмот

January 30, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије ќе продолжи да презема решителни мерки против терористичките организации што се закана за територијалниот интегритет и регионалната стабилност на Сирија, изјави денес висок претставник на одбраната, јавува Анадолу.

Портпаролот на Министерството за национална одбрана, адмирал Зеки Актурк, ја потврди посветеноста на земјата да им се спротивстави на терористичките организации, како што се ПКК/ПЈД/ЈПГ/СДГ и ДЕAШ, велејќи дека „нема да бидат дозволени терористички формации или еднострано извршувани работи во регионот“.

„Ќе продолжиме да преземаме превентивни и решителни мерки против сите терористички организации“, рече Актурк на неделниот брифинг со новинарите во Анкара.

Тој рече дека тесно ќе соработуваат со новата администрација во Сирија за да се зајакнат одбранбените и безбедносните капацитети на земјата разурната од војна и да се олесни доброволното, безбедно и достоинствено враќање на Сиријците.

Делегација од Министерството ја посети Сирија вчера за технички разговори, додаде тој.

„Како Туркије, ќе продолжиме да стоиме покрај сирискиот народ, како што правевме досега“, рече тој.

„Вчерашната посета е значајна бидејќи ја означува посетата на првата делегацијата и првиот контакт од седиштето на нашето Министерство во Сирија. На средбата беа разменети мислења за тоа што може да се направи на полето на одбраната и безбедноста, особено за заедничките напори за борба против терористичките организации што претставуваат закана и за Сирија и за Туркије. Нашите дискусии ќе продолжат во согласност со потребите што ќе се појават во наредниот период“, истакна портпаролот.

– Воени операции во Ирак и Сирија

Актурк, исто така, истакна дека турските сили спроведуваат „континуирани и сеопфатни“ антитерористички операции за да ги елиминираат заканите од нивниот извор.

„Во текот на изминатата недела 57 терористи беа неутрализирани во антитерористичките операции спроведени во Северен Ирак и Сирија, со што вкупниот број оваа година достигна 278“, рече тој.

„Дополнително, тројца терористи на ПКК се предадоа минатата недела“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО+ВИДЕО: Елмас промовиран во Торино, клубот му посака добредојде

Следно

Утре и во сабота топло, во недела дожд

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop