Турските сили во 2023 година неутрализираа 2.201 терорист

December 28, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турските безбедносни сили во изминатата 2023 година неутрализираа вкупно 2.201 терорист, вклучително 81 во изминатата недела, наведоа од Министерството за одбрана на Туркије, јавува Анадолу.

Советникот за медиуми и односи со јавноста на Министерството за национална одбрана, Зеки Актурк, сподели информации за активностите на припадниците на безбедносните сили во борбата против тероризмот во изминатата година.

„По подмолните терористички напади, воздушните операции против терористичките цели во Северен Ирак и Сирија успешно уништија вкупно 71 цел, вклучително пештери, засолништа, нафтени капацитети и магацини“, рече Актурк, додавајќи:

„Нашата херојска армија се одмазди за крвта на нашите маченици. Годинава се неутрализирани 2.201 член на терористички организации, од кои 81 само во изминатата недела.“

Нагласувајќи дека сите операции во Сирија и Ирак се спроведуваат во согласност со правата на самоодбрана што произлегуваат од член 51 од Повелбата на Обединетите нации, Актурк рече:

„Наша единствена цел се терористите и сите елементи на ПКК/КЏК, ПЈД/ЈПГ и ДЕАШ во Сирија и Ирак.“

Тој нагласи дека во антитерористичките операции се запленети значителни количини експлозив и муниција.

Потоа тој изјави и дека безбедносните сили во изминатиот период ги презеле неопходните мерки за обезбедување на границата.

„Бројот на фатени лица во обид илегално да ја преминат нашата граница се зголеми на 13.640 во текот на годината. Вкупно 605 члена на терористички организации беа предадени на безбедносните сили, од кои 420 беа членови на ФЕТО. Бројот на луѓе блокирани пред да ја преминат границата беше 207.289. Во акциите спроведени минатата недела беа запленети околу 34 килограми дрога“, рече Актурк.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новиот пакет американска помош тера накај дефанзива?

Следно

Времено укинување на визите за краткорочен престој во државава

Latest from Blog

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако
Go toTop