Турските сили неутрализираа тројца терористи на ПКК во северен Ирак

January 24, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа тројца терористи на терористичката организација ПКК во северен Ирак, објави Министерството за национална одбрана на Туркије, пренесува Анадолу.

Министерството на социјалната платформа X соопшти дека терористите биле идентификувани и неутрализирани во зоната каде беше реализирана операцијата Канџа во северниот дел на Ирак.

Туркије ја започна операцијата „Канџа-катанец“ во април 2022 година за да ги таргетира засолништата на терористичката организација ПКК во северните ирачки региони Метина, Зап и Авасин-Басјан во близина на турската граница.

На тоа и претходеа операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“, започнати во 2020 година за да се искорени терористите кои се кријат во северен Ирак и планираат прекугранични напади во Туркије.

Турските власти го користат терминот „неутрализирање“ за да имплицираат дека терористите се предале или биле убиени или заробени.

Во својата повеќе од 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Туркије, САД, ОК и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња .



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Колосално нарушување на сајбер-безбедноста: Протекоа податоци за 26 милијарди записи од различни платформи

Следно

Биљали за „Студио 10“: Со овој ментален склоп на власта и опзицијата нема излез од кризата

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop